Спорт
Надал: При вакви услови не би патувал на Флешинг медоуз

Рафаел Надал вели дека доколку условите се такви како во моментот, тој не би патувал на САД опен на Флешинг медоуз, иако е актуелен шампион.
Засега е сигурно дека до почетокот на август нема рестартирање на АТП и ВТА-турнеите поради пандемијата на коронавирусот, но САД опен и „Ролан Гарос“ уште не се откажани. Зборувајќи еден ден по својот 34. роденден, Надал вели дека мора да се гледа реалноста.
„Да ме прашате денеска дали сакам да патувам во Њујорк за да играм тениски турнир, сигурно ќе ви кажам – не. За неколку месеци, не знам. Се надевам дека ќе бидам таму. Ќе мораме да добиеме повеќе информации за тоа како ќе се развива ситуацијата со вирусот бидејќи Њујорк е еден од најпогодените градови. Мразам идеја на тенис без гледачи, но ако тоа е единствениот начин, зошто да не?“, вели Надал.
САД, покрај од пандемијата, се погодени од огромниот број протести по смртта на Џорџ Флојд.
„Секако, загрижен сум што ги гледам овие катастрофи на улиците. Насилството и пандемијата создаваат тешка атмосфера за целиот свет. Треба да останеме смирени, да ги почитуваме сите и да живееме во мир“, додава Шпанецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.