Спорт
Надал се намачи против Кецмановиќ во првиот меч на земја оваа сезона
Рафаел Надал имаше тежок тест при својот прв меч по шест недели победувајќи го Србинот Миомир Кецмановиќ со 6:1/7:6(4) по еден час и 55 минути на терените на Мадрид опен во својот прв меч на земјена подлога оваа сезона.
Шпанскиот ветеран беше принуден да паузира подолго време поради повредата на ребрата, која ја доби на мастерсот во Индијан Велс. Иако самиот призна дека не е доволно подготвен во „Каха Магика“ во Мадрид, тој одигра фантастичен прв сет добивајќи го за 36 минути, со 55 отсто добиени поени на свој сервис.
Петкратниот шампион од турнирот потоа мораше да оди на подолга пауза за тоалет по крајот на сетот, а имаше и мала пауза поради дожд по што 22-годишниот Кецмановиќ, по совет на својот тренер, поранешниот тениски ас Давид Налбандијан, почна да игра на бекхенд на Надал и тоа се исплатеше и поведе со 4:3. Сепак, Надал направи брејк за 6:5 водство пред Кецмановиќ да ги искористи неговите грешки и да принуди тај-брејк во кој Надал успеа да стигне до 7:4 победа.
Следен за Надал е подобриот од мечот, Давид Гофан-Ботик ван де Цандшлуп, а во неговата четвртина од ждрепката е Карлос Алкараз. Исто така, можно е полуфинале против Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа во истата половина од ждрепката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

