Спорт
Надал за ривалството со Новак: Испишавме историја

Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ја одбележа тениската сцена во последните 18 години. Шпанецот и Србинот одигра 59 натпревари, последниот минатата сезона во четвртфиналето на Ролан Гарос кога славеше Надал. Нивното ривалсто ќе биде запишано како едно од најголемите во тениската историја.
Неодамна во Рим, Ѓоковиќ зборуваше за Тенис ТВ за тоа кои му се најголемите ривали, а потоа рече дека за него е убедливо најголем оној што го има со тенисерот од Мајорка.
„Се додека играме, Надал секогаш ќе биде мојот најголем ривал, без разлика на местото на АТП листата или што се случува околу нас“, изјави Новак.
На денот кога Надал потврди дека нема да игра на Ролан Гарос, беше прашан што мисли за изјавата на Новак.
„Целосно разбирам што зборува Новак, но тој тоа не го гледа во моментов, тоа ќе биде повеќе во историска смисла. Ја одбележавме историјата на тенисот со најмногу натпревари, а јас живеев со двата ривали, прво со Федерер, а потоа и со Ѓоковиќ. Тој и јас се сретнавме најмногу пати и разбирам дека ме смета за свој најголем ривал. Да, живеев во ерата со двајцата, иако повеќе пати играв со Новак“, изјави Надал.
Шпанскиот тенисер изјави дека не знае кога повторно ќе може да тренира, но дека би сакал на свој начин да ја заврши кариерата.
Неговата желба е доколку е во можност да се појави на некој од турнирите во 2024 година, особено на Ролан Гарос и Олимписките игри во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шкендија против Рајо Ваљекано дебитира во главната фаза во Конференциската лига

Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано.
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот.
„Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири проговори и за противникот.
„Верувам дека не би било коректно да издвојам еден фудбалер на Рајо Вајекано, затоа што имаат многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до играта, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.“
„За нас е важно да имаме добра игра, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од ваква лига каква што е Ла Лига, која според мене е најсилниот шампионат во светот“.
Натпреварот во Мадрид ќе започне во 18.45 часот.
Foto/ kfshkendija.com
Спорт
(Видео) Халанд е пред Меси и Роналдо – 52 гола во 50 натпревари во Лигата на шампионите

Манчестер сити не успеа да победи во Монако, во второто коло во Лигата на шампионите. Бод на Монако му донесе поранешниот англиски репрезентативец Ерик Даер со гол од пенал во 90-та минута.
Двата гола за Сити ги постигна Ерилнг Халанд. Норвежанецот го одигра јубилејниот 50-ти натпревар во Лигата на шампионите.
Во исто време, тој постави рекорд за најмногу голови во првите 50 натпревари во елитното европско натпреварување. Со овие два против Монако, тој стигна до бројката од 52 погодоци.
Исто така, ова е неговиот осми натпревар по ред оваа сезона во кој постигнува барем еден гол.
Foto/ EPA
Спорт
Мајми го потпиша Јовиќ за 62 милиони долари

Српскиот кошаркар и крилен центар на Мајами Хит, Никола Јовиќ, се согласи да ја продолжи соработката со франшизата за уште четири години.
Потпишувањето вреди дури 62,4 милиони долари, изјавија за ESPN неговите менаџери Џеф Шварц, Шон Кенеди и Џаред Муча од агенцијата „Excel Sports Management“.
Јовиќ минатата сезона постигнуваше просек од 10,7 поени по натпревар – што е неговиот најдобар настап во неговата НБА кариера досега.
Со потписот на новиот договор, Јовиќ дополнително ја зацврсти својата улога во тимот на Хит и покажува потенцијал да стане важен столб на иднината на франшизата.
Мајами, од друга страна, ја потврдува својата доверба во развојот на 21-годишниот репрезентативец на Србија, кој беше избран како 27-ми пик на НБА драфтот во 2022 година.