Спорт
Наместен натпревар во Лигата на шампионите?

Специјализираниот ракометен портал Handbollskanalen, повикувајќи се на свои извори во обложувачниците, објави дека бил наместен најмалку еден натпревар во Лигата на шампионите.
Спорниот натпревар бил одигран есента во 2021 година. Порталот не наведува за кој натпревар станува збор, само наведува дека се случувале чудни работи.
Коефициентот за победа на домашниот тим драстично паднала за 20 минути и покрај тоа што немало информации дека гостите имаат проблеми со повредите или дека натпреварот ќе го играат со резервниот тим.
Исто така, пред почетокот на натпреварот била поместена границата за хендикеп, од 2,5 на 5,5. Значи, домашниот тим морало да победи со шест гола разлика за да биде чиста победата во обложувачниците.
Гостите парирале до полувремето, но во второто полувреме домашниот тим стигнал до потребната разлика од шест гола.
Порталот наведува дека во второто полувреме биле забележани 19 сомнителни ситуации. Гостите оделе од грешка во грешка. Сомнителни биле додавањата кога гостите напаѓале, лошото трчање во фазата на одбрана, сомнителен бил и тај-аутот бидејќи бил побаран кога гостите ја топеле предноста на домашниот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.