Спорт
Наместо во Русија финалето во ЛШ ќе се игра во Франција

Финалето во Лигата на шампионите нема да се одигра во Санкт Петербург. Оваа одлука претпладнево ја потврди УЕФА.
Поради воените дејствија шт ги презеде Русија во Украина, УЕФА реши да го одземе домаќинството за најзначајното финале во клупскиот фудбал.
Домаќин на финалето, на 28.мај, ќе биде стадионот „Стад де Франс“ во Париз.
Француската престолнина и овој стадион втор пат ќе бидат домаќини на завршниот меч во Лигата на шампионите. Во 2006 година, на овој терен Барселона го победи Арсенал со 2:1.
„УЕФА сака да му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за личниот ангажман и заложбата Франција да ја добие организацијата на најпрестижниот натпревар во европскиот фудбал“, наведе УЕВА во кусото соопштение.
The 2021/22 UEFA Men’s Champions League final will move from Saint Petersburg to Stade de France in Saint-Denis.
The game will be played as initially scheduled on Saturday 28 May at 21:00 CET.
Full statement: ⬇️
— UEFA (@UEFA) February 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Андерсен добил бројни смртни закани по мечот со Ливерпул

Јоаким Андерсен и неговото семејство добиле смртни закани по инцидентот со фудбалерот на Ливерпул Дарвин Нуњез. Дефанзивецот на Кристал Палас и Дарвин Нуњез немилосрдно се бореа во текот на целиот натпревар. Тоа кулминираше откако Андерсен го турна Нуњез, а овој потоа го држи со главата во пределот на носот. Нуњез доби црвен, а Андерсен жолт картон.
Андерсен сподели дел од крајно непријатните пораки кои ги доби на својот инстаграм-профил, ден по натпреварот.
„Во текот на ноќта добив околу 300 – 400 вакви пораки. Разбирам дека го поддржувате вашиот тим, но не би било лошо да покажете малку почит кон другите и да престанете да се преправате дека сте опасни само на интернет“, рече Андереон.
Во една од пораките што ги објави пишува дека „е… срамота“, дека е измамник… Други му напишале дека се надеваат дека авионот ќе се урне и дека ќе му умре целото семејство.
Андерсон ги повика и Инстаграм и Премиер лигата да „направат нешто“.
Спорт
Челси до крајот на преодниот рок ќе потроши 250 милиони евра

Англиските медиуми утринава објавија дека челниците на Чесли сè уште не завршиле со засилувања за ова лето. Челзи летово направи неколку промени во играчкиот кадар, а неколку ѕвезди решија да го напуштат „Стемфорд Бриџ“, а во лондонскиот клуб сè уште се очекуваат звучни засилувања.
Иако летниот преоден рок е при крај, Челзи верува дека може да направи чудо и да донесе неколку големи засилувања до крајот на овој месец.
Челзи веќе потроши речиси 150 милиони евра бидејќи ги доведе Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали и Марк Кукуреља.
„Мирор“ утрово објави вистинска „бомба“ бидејќи наводно дошле до информации дека Челзи планира до крајот на летниот преоден рок да потроши дури 250 милиони евра за да доведе неколку засилувања.
Главни цели на лондонскиот клуб се Френки де Јонг и Пер-Емерик Обамејанг од Барселона, кои би можеле да го напуштат каталонскиот клуб доколку за нив дојде задоволителна понуда.
Барса за Де Јонг бара околу 75 милиони евра, додека за Аубамејанг цената е 25 милиони евра.
Покрај дуото од Барселона, Весли Фофана веќе извесно време се поврзува и со Челзи, кој на секој начин се обидува да го напушти Лестер и кариерата да ја продолжи во дресот на сините.
Единствен проблем е цената што ја постави Лестер бидејќи за овој дефанзивец бара 90 милиони евра. Челзи се обидува да ја намали цената, но наводно клубот го губи трпението и на крајот би можел да ја плати целата сума за да ја добие Фофана.
Исто така, утринава се појавија шпекулации дека Челзи ја посакува младата ѕвезда на Евертон, Арон Гордон, за кого се подготвени да платат околу 45 милиони евра.
Доколку Челзи успее да ги доведе овие играчи до крајот на преодниот рок, тогаш Томас Тухел ќе има на располагање навистина фантастичен состав оваа сезона. Исто така, Англичаните веќе објавија како би можел да изгледа составот на Челзи доколку се случат споменатите трансфери.
Можен состав на Челзи: Менди, Фофана, Тијаго Силва, Кулибали, Кукуреља, Џејмс, Канте, Де Јонг, Гордон, Стерлинг, Обамејанг.
Спорт
Невил: Јунајтед лут 10 години, само две засилувања ги оправдаа очекувањата

Манчестер јунајтед минува низ веројатно најтешкиот период во богата историја. Великанот од „Олд Трафорд“ новата сезона ја започна со два порази, со гол разлика 1:6 се наоѓа на последното место во Премиер лигата.
Последната титула во Англија Манчестер јунајтед ја освои во 2013 година, во прошталната сезона на легендарниот Алекс Фергусон. Оттогаш, двапати заврши на второто, еднаш на третото, четвртото, петтото и седмото место, а три пати клубот бил пласиран на шестата позиција.
Лошата селекција на тимот во последната деценија е виновна за кризата што се продлабочува од година во година, смета поранешниот капитен Гери Невил.
„Направивме мало истражување и ги анализиравме сите трансфери на играчи во последните десет години. Тука не ги сметавме трансферите на третите голмани и младинските играчи, потрошени се 1.250.000.000 евра, а само двајца ги оправдаа очекувањата. Бруно Фернандеш малку забави, но поради бројките што ги имаше две години, мора да се каже дека се исплатеше. И Златан Ибрахимовиќ се исплатеше. Ерера, Шо, Матиќ, Мата… Тоа се дискутабилни играчи. Тие се во црвената зона, тие се некаде меѓу, Кристијано Роналдо би бил во зелената зона, но поради сето она што се случува во последниот месец, поради неговата желба да го напушти клубот, ќе го ставиме некаде меѓу“, изјави Невил за „Скај спорт“.
Тој објасни дека играчите биле оценувани врз основа на она што го покажале на теренот, нивниот специфичен ефект во играта, цената за која биле доведени, но и нивното однесување.
„Дури 75 проценти не ги оправдаа очекувањата, 20 се меѓу, а само четири или пет проценти покажаа дека вредат. Тоа е хорор-приказна кога станува збор за регрутирањето. Еден од најголемите проблеми што Јунајтед го има десет години е талкање со тренери и стратегија“.
Иако чувствува дека играчите ги заслужуваат критиките, Невил не мисли дека само тие се виновни.
„Јас, како и многу други, бев доста возбуден кога минатото лето беа донесени Варан, Санчо, Роналдо, пред нив Ди Марија… Сите мислевме дека ќе бидат големи засилувања и разговаравме за тоа. Но, овој клуб стана ‘гробишта за фудбалерите’. Фудбалерите повеќе не сакаат да доаѓаат на ‘Олд Трафорд’, свесни за ситуацијата во која се наоѓа Манчестер јунајтед. Клубот во моментов е како училиште под посебни мерки бидејќи не ги исполни очекувањата, а кога ќе ги исполни, а кога тоа е така не треба да бидат виновни децата“, објасни Невил, посочувајќи дека одговорноста ја имаат клупските челници.