Спорт
(Видео) Нападнат Немања Бјелица – Осомничениот му се заканувал дека ќе го прободе со ножици
Прославениот српски кошаркар Немања Бјелица во понеделникот бил нападнат во игротека во Белград. Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот бил поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Никола Петковиќ.
На Пековиќ, истражен судија првично му одредил притвор до 48 часа, а набргу потоа и притвор.
„Бјелица седел на маса во детската игротека, кога осомничениот му пришол и вербално го нападнал. Запонал да го навредува кошаркарот, неговата сопруга и децата.
Кошаркарот не реагирал, а потоа осумничениот отишол до шанкот, зел ножици и му рекол на Бјелица дека ќе го прободе“, пишуваат српските медиуми.
Набаргу потоа пристигнала полицијата и го уапсила поранешниот фудбалер.
Да потсетиме, Бјелица летово се врати во Црвена звезда, каде играше од 2008 до 2010 година по доаѓањето од Австрија, беше дел од подготовките, но не се појави официјален натпревар. Неговиот статус во тимот не е познат. Исто како што не е познато дали се уште има договор со Фенербахче или е слободен играч.
Тој беше МВП на Евролигата во 2015 година со Фенербахче ја осови титулата во елитното натпреварување. Во сезоната 2021/22 стана шампион во НБА со Голден Стејт Вориорс.
Во текот на кариерата играше и за Басконија, Минесота, Сакраменто и Мајами.
Napadnut Nemanja Bjelica pic.twitter.com/lVF7oADHxx
— Mariel (@malasirena111) February 5, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.
Спорт
Реал Мадрид најде замена за Хезоња
Турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз следното лето би можел да му се приклучи на Реал Мадрид.
Овој 26-годишен кошаркар треба да пристигне во редовите на европскиот шампион како замена за Марио Хезоња кој не го продолжи договорот.
Коркмаз е без клуб од февруари кога беше трејдуван од Филаделфија во Индијана, која веднаш му врачи отказ.
Тој беше член на Сиксерс од 2017 до 2024 година, во кариерата на 328 натпревари во НБА лигата има просек од од 6,8 поени и два скока.
Според турските медиуми, Коркмаз ги започнал преговорите со Реал. Од дуга страна Марио Хезоња ќе се пресели во Панатинаикос чиј член беше во 2021 година.