Спорт
Наполи го претстави новиот дрес со ликот на Марадона

Во чест на Диего Армандо Марадона, Наполи, претпладнево претстави нова гарнитура на дресови. Дресовите со кои Наполи ќе ја напаѓа титулата во Серија А изгледаат спектакуларно.
Лидерот во Серија А, во соработка со спонзорот Армани, осмисли дрес со ликот на Ел Пибе, за многумина најдобриот фудбалер во историјата на Наполи. Марадона за Наполи играше од 1984 до 1991 година. Ел Пибе го предводеше Наполи до две шампионски титули во Серија А.
„Наполи сака да му одаде почит на Диего Армандо Марадона, кој беше симбол на својата ера. Марадона беше неприкосновена фудбалска икона. Поради тоа решивме да му посветиме дрес на овој голем човек“, соопшти Наполи.
Наполи, утре ќе ја пречека Верона во Серија А. Покрај на натпреварот со Верона, Наполи во овие дресови ќе ги носи и на натпреварите со Интер и Лацио.
По 11 кола во Серија А, Наполи и Милан ја предводат табелата со по 31 бод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сампаоли е пред отказ, Севилја му бара замена
Фудбалскиот клуб Севилја се подготвува за уште една тренерска смена. Според шпанските медиуми, тренерот Хорхе Сампаоли ќе добие отказ. Аргентинецот, минатата есен, го замени на кормилото Хулен Лопетеги, кој си замина поради лошите резултати.
Севилја, вчера, доживеа пораз во Мадрид од Хетафе (2:0) и до крајот на сезоната
е води жестока борба за опстанок во Примера. Севиља е 14. на табелата со 28 бодови, два повеќе од опсната зона и само една победа во последните пет натпревари.
Наводно, прв кандидат за негово замена е Хозе Бордалас, поранешниот тренер на Хетафе и Валенсија. Втор на оваа лста е поранешниот тренер на Еибар, искусниот Хозе Луис Мендилибар, добро познато име во Ла Лига, но Бордалас наводно е првиот пик.
Севилја и покрај лошата сезона во Примера, стигна до четвртфиналето во Лига Европа, каде за противник го има Манчестер јунајтед.
Спорт
Леклер повторно го предупреди Ферари

Ферари забележа втор тежок викенд на почетокот на сезоната, бидејќи Карлос Саинц и Шарл Леклер завршија на шестото и седмото место на трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Леклер уште еднаш го повика тимот да ги подобри своите перформанси.
Возачот од Монте Карло призна дека се надевал на посериозна борба со возачите на Мерцедес, но и дека Џорџ Расел и Луис Хамилтон се покажале недостижни за него и за Карлос Саинц.
„Не знам дали болидите на Мерцедес беа толку недостижни. Се приближив до Карлос на секунда и пол, но повеќе од тоа не успеав. Направив мала грешка, кога бев во ДРС зоната на Саинц и после тоа не можев да направам ништо“, објасни Леклер.
Возачот на Ферари остана доследен на приказната дека Ферари има уште многу работа доколку сака да напредува.
„Не очекува многу, многу напорна работа. Нашите ривали се многу побрзи на правците, беа уште побрзи во свиоците“.
Леклер не ја заврши првата трка, Големата награда на Бахреин, а од почетокот на сезоната во неколку наврати го предупреди Ферари дека тимот мора да ги подобри перформансите доколку сака да влезе во битката за првото место.
Спорт
Дмитровиќ повеќе нема да брани за Србија

Србија ги започна подготвките за престојните квалификациски натпревари со Литванија и Црна Гора, за пласман на Европското првенство.
Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, во своето прво појавување пред новинарите по Мундијалот во Катар, откри дека голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ решил да се повлече од националниот тим.
Дмитровиќ (31), го известил селкеторот дека сакал да им се посвети на клупските обврски во Севилја.
Дел од српските медиуми пренесуваат дека Дмитровиќ не бил задоволен од третманот што го има кај селекторот и дека поради тоа решил да се повлече. Наводно, на Пикси дополнително го ставил Дмиторвиќ на спискот, кога дознал дека ФИФА се уште не го одбрила настапот на Владан Ковачевиќ, инаку Србин од Босна и Хрцеговина, кој го прифатил повикот да го смени спортското државјанство.
Дмитровиќ во кариерата бранел на 19 натпревари за Србија.