Спорт
Наредната сезона на Серија А ќе започне со 20 екипи
Додека во Италија владее неизвесноста околу тоа дали ќе продолжи прекинатата фудбалска сезона, Фудбалскиот сојуз донесе неколку важни одлуки.
Една од најважните одлуки е дека наредната сезона ќе започне со 20 екипи. Како што објави „Скај Спортс Италија“ без оглед ан тоа дали сезоната ќе заврши или не, сезоната 2020/2021 ќе започне со 20 екипи, а не со 22 како што се шпекулираше.
Кога ќе се примени во пракса оваа одлука значи дека четири тима од Серија А ќе стравуваат за опстанокот. Тоа се Бреша, СПАл, Лече и Џенова на капитенот на македонија Горан Пандев.
Ако има испаѓање од лигата то значи дека ќе има и промоција во најсилното друштво од Серија Б.
Ако не заврши првенството од Серија Б во Серија А би требало да се пласираат Беневенто и Кротоне, а името на третиот тим дополнително ќе биде објавено.
Откако ги донесоа овие одлуки од Фудбалскиот сојуз на Италија уште еднаш ја потврдиле дека целта е сезоната 2019/2020 да заврши на фудбалските терени и дека оттаму заедно со владата работеле на безбедносниот протокол за да може да продолжи првенството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

