Спорт
Навивачите на Челси се тепаа со француската полиција и извикуваа по Абрамович

Навивачите на Челси, очигледно разочарани што нема да можат да ги следат домашните мечеви на „сините“ поради санкциите кон газдата Роман Абрамович (на „Стемфорд Бриџ“ ќе можат да влезат само тие со сезонски билети), решија „забавата“ да ја преселат на континентот, односно во Лил, каде што играат со истоимениот клуб во осминафиналето на ЛШ.
Според француските медиуми, дел од навивачите на Челси извикувајќи го името на Роман Абрамович, влегоа во конфликт со полицијата, која користеше солзавец и палки за да ја расчисти ситуацијата.
Heurts en marge du match #Lille #Chelsea qui doit se jouer ce soir à 21h. Intervention de la police.#LOSCCHELSEA #ChampionsLeague pic.twitter.com/iWucZtqGe9
— Amar Taoualit (@TaoualitAmar) March 16, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Филип Костиќ МВП на Лига Европа, четворица од Ајнтрахт во „дрим-тимот“

Ајнтрахт Франкфурт го освои пехарот во Лигата на Европа откако на пенали го совлада Глазгов Ренџерс во финалето во Севилја. Фудбалерот на германскиот клуб, српскиот интернационалец, Филип Костиќ, кој го водеше тимот оваа сезона со одлични игри, е избран за МВП на сезоната во ова натпреварување.
Покрај најкорисниот фудбалер, УЕФА го одбра и тимот на сезоната.
Во него се најдоа четири фудбалери на Ајнтрахт, тројца од Глазгов Ренџерс и по двајца од Лајпциг и од Вест Хем.
Кевин Трап е на голот, во одбраната се Бази (Ренџерс), Хинтерегер (Ајнтрахт Франкфурт), Доусон (Вест Хем), Костиќ (Ајнтрахт Франкфурт), Рајс (Вест Хем), Лајмер (Лајпциг), Таверние (Ренџерс), Кент (Ренџерс), Боре (Ајнтрахт Франкфурт) и Нкунку (Лајпциг).
Спорт
РК Вардар потврди: Жилберто Дуарте ќе биде првиот Португалец во „Јане Сандански“

Нов играч на РК Вардар за следната сезона ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак, потврди клубот. Тој игра на позицијата лев бек, а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.
Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните”. Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .
Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15. титула во домашното првенство.
Спорт
Интер има само уште една надеж за „скудетото“: Берарди е голем фан на „нероаѕурите“

Разврската во Серија А остана за последното коло. Актуелниот шампион Интер се надева дека лидерот Милан ќе загуби против Сасуоло, па со триумф на домашен терен против Сампдорија да го одбрани трофејот. Но, дали Сасуоло навистина може да го запре Милан кој нанижа неколку важни победи во завршницата од сезоната е големо прашање.
Медиумите во Италија веруваат дека „нероаѕурите“ сега можат да се потпрат само на еден човек. Тоа е Доменико Берарди, италијанскиот репрезентативец и одличен напаѓач кој поради добрите игри во дресот на Сасуоло се поврзуваше со трансфер во Интер или во Милан.
Тој го „смени“ Масимилијано Алегри од клупата на Милан во 2014 година, кога постигна четири гола во победата од 4-3, а во 2015 година постигна гол во победата на Сасуоло од 3-2 над Милан.
На 15 натпревари против „росонерите“, Берарди постигна 10 гола, што значи дека Милан е тимот против кој постигнал најмногу голови во Серија А. Никогаш не криел дека е голем навивач на Интер.
„Како дете уживав во игрите на „феноменот“ Роналдо, а на 15 години мој идол беше Диего Милито. Таа вечер во Мадрид кога Интер го победи Баерн Минхен и ја освои Лигата на шампионите, излегов со пријателите да славиме“, изјави Берарди пред неколку години.
Интер и Милан ги играат своите натпревари в недела од 18 часот. На Милан му е доволен и бод на гостувањето кај Сасуоло за да ја освои шампионската титула по 11 години.