Спорт
Навивачите на Наполи ги „погребаа“ италијанските ривали
Цел Неапол се подготвува за прославата на третото скудето во историјата и дел од нивните фанови веќе организира „погреб“ за ривалите од Серија А.
Тие направија „лажни“ гробишта во квартот Касе Нуове во Неапол, каде што има погреб, шалови од повеќе италијански тимови и „лажни“ гробови со крстови за различните тимови.
„За цела Италија во ужасна болка. По толку многу години, ве ставивме на крстот“, пишува на банерот.
Наполи може да го освои скудетото овој викенд ако ja совладаат Салернитана дома, а Лацио не го победи Интер.
Festa scudetto: nel quartiere "Case Nuove" spunta il cimitero delle squadre avversarie del Napoli #Napoli #SSCNapoli #scudetto #serieA #localteam pic.twitter.com/chUTnuxeUy
— Local Team (@localteamtv) April 27, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата ќе се игра само во Англија: Горди сме што се разликуваме
ФИФА покрена иницијатива да дозволи натпреварите од националните првенства да се играат на неутрален терен. Пред се, ова се однесува на натпреварите на популарните клубови кои би оделе за големи пари и би играле натпревари во САД и Азија.
Првиот човек на шпанската Примера, Хавиер Тебас веќе најави дека шпанските клубови ќе ја прифатат оваа иницијатива, но во Премиер лигата немаат намера да се впуштат во ваква авантура.
„Играњето надвор од нашата земја не е во план. Не размислуваме на таа тема. Она што го слушаме од нашите играчи е дека се игра многу фудбал и дека се зголемува бројот на натпревари. Премиер лигата не го промени својот формат. Она што се промени во текот на изминатите неколку децении е обемот на меѓународни натпревари“, рече Мастерс, додавајќи
„Ние во Англија сме горди што сме различни. Имаме уште две куп натпреварувања. Сè уште веруваме дека наше е да одлучиме како ќе изгледа нашето натпреварување и колку клубови ќе имаме во лигата. Ако ја дополните чашата која е пона се ќе се истури, заврши Мастерс.
Спорт
Ливерпул објави дека се раздели со двајца фудбалери
Ливерпул во новата сезона ќе влезе без Јирген Клоп, но и без неколку играчи. Клубот досега ги потврди се заминувањата на Жоел Матип и Тиаго Алкантара.
Жоел Матип (32) летово ќе се прости од Ливерпул по осум сезони. Дефанзивецот беше меѓу првите засилувања во ерата на Јирген Клоп, кој го донесе Камерунецот од Шалке.
Тој забележа 201 настап, постигна 11 гола, освои седум трофеи.
„Не сум сигурен дека би било можно да се каже нешто лошо за него. Прекрасен професионалец, прекрасен фудбалер и прекрасно човечко суштество, бевме благословени што го имаме со нас толку долго, а сега се што можеме да направиме е да му посакаме најдобро во неговиот нов предизвик“, изјави Клоп.
Покрај Матип, заминува и шпанскиот играч за врска Тиаго Алкантара. Тој помина четири сезони во клубот, поради повредите одигра само 98 натпревари, постигна шест гола.
„Пред да дојде во Ливерпул, верував дека ако навистина го сакате фудбалот, ќе има смисла да гледате како игра Тиаго Алкантара“, изјави Јирген Клоп.
„Технички, тој е толку, толку добар. Талент кој може да игра во која било екипа во светот и беше привилегија да го имаме со нас“, додаде Германецот.
Спорт
Реал одбил 45 милиони евра за Арда Гулер
Арда Гулер, минатото лето за 20 милиони евра пристигна во Реал од Фенербахче. На почетокот се мачеше со повредите, на крајот забележа 11 настапи, мина на теренот 350 минути, тоа му беше доволно да постигне четири гола и да придонесе за 36. титула на Реал.
Гулер доби шанса од Карло Анчелоти да биде стартер во финишот на сеозната, кога Реал ја обезбеди титулата. Се шпекулираше дека наредната сезона би може да биде позајмен во друг клуб за да стекне искуство, а шпанските медиу и тврдат дека Арсенал испратиле понуда од 45 милиони евра за да го откупат неговиот договор.
„Арда дефинитивно ќе биде овде и следната сезона“, изјави Анчелоти отфрлајќи секаква можност за продажба на Турчинот.
„Навистина ми се допаѓа како играч. Сите знаеме дека е со врвен квалитет и талент. Тој е малку ограничен во играта без топка. Таму мора да се подобри и тоа е она што го прави”, изјави претходно Анчелоти по еден натпревар.
По завршувањето на сезоната Арда Гулер ќе им се приклучи на колегите од турската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во Германија.