Спорт
Навивачите на Севилја поради Винисиус ќе го бојкотираат дербито со Реал
Севилја и Реал Мадрид во сабота ќе играат на стадионот Рамон Санчез Писхуан, во претпоследното коло во шпанското првенство. Ова е многу важен натпревар за двата тима. Реал сака да го задржи второто место во лигата, додека Севиља со бодови може да стигне до местата кои водат во европските натпреварувања.
Но се чини дека Севилја нема да има целосна поддршка на стадионот. Според медиумите блиски до клубот, најверните навивачи решиле да не доаѓаат на стадионот поради преседанот што се случи оваа недела.
Имено, на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор му беше поништен црвениот картон против Валенсија.
Винисиус во текот на целиот натпревар трпеше навреди од трибините, а тоа ескалираше во последните моменти кога Бразилецот удри противник и доби црвен картон. После тоа, судиите на ВАР беа суспендирани бидејќи не видоа дека Винисиус всушност прво бил фатен за врат од противникот.
Навивачите на Севилја веруваат дека нема доволно докази за да се поништи црвениот картон на Винисиус и затоа не сакаат да дојдат на дербито. Тие ги повикаа и сите останати навивачи на клубот од Андалузија да го следат нивниот пример и да го бојкотираат натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

