Спорт
Навивачите на Вележ го прославија јубилејот со фантастичен огномет

Навивачите на фудбалскиот клуб Вележ од Мостар, на спектакуларен начин ја прославија 40-годишнината од своето основање, со спектакуларен огномет во најголемиот град во Херцеговина и со факли на обновениот Стар мост во центарот на градот.
Популарните „Red Army“ (Црвена армија), се основани на 1 април 1981 година, како најстара навивачка група во Босна и Херцеговина, додека Вележ го следеше една од најтрагичните фудбалски приказни во поранешна Југославија.
Поранешниот двократен шампион од Купот на СФРЈ, во воените години во 1990-тите го загуби стадионот „Бијели бријег“ откако беше ре-оформен хрватскиот клуб Зрињски, а и голем број на навивачи, Тие успеаја да се вратат во највисокиот ранг на босанскохерцеговскиот фудбал во 2006 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чоло за својот син Џулијано: Ништо не му беше подарено

Атлетико Мадрид го победи Ваљадолид со 4:2 во последниот натпревар од 31.коло на Ла Лига. Главната тема по натпреварот е прекрасениот гол на Џулијано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего.
По натпреварот, тренерот на Атлетико, кого некои претходно во сезоната го обвинија за непотизам, дека Џулијано игра само затоа што е син на Диего, доби прашање за неговиот син.
„Не очекував дека ќе игра вака оваа сезона, иако очекував дека ќе ни помогне. Тој игра добра сезона и се надевам дека ќе може да го задржи ова ниво. Никој ништо не му дал и никој ништо нема да му подарил. Тој го знае тоа, бидејќи ме познава подобро од кој било”, изјави Симеоне.
Џулијано Симеоне е во Атлетико од својата 17-та година, а игра на позицијата крилен напаѓач. Изминатите две сезони ги мина на позајмица, прво во второлигашот Сарагоса, а потоа и во прволигашот Алавес.
На почетокот на оваа сезона тој се врати во својот матичен клуб и на 40 настапи постигна пет гола и седум асистенции. Минатиот месец тој го постигна деби голот за аргентинската репрезентација против Бразил.
Another angle for Giuliano Simeone’s goal against Valladolid
byu/Tiberiusthemad insoccer
Спорт
Хифи е „Ѕвезда во подем“ на Евролигата

Кошаркарот на Париз, Надир Хифи беше прогласен за „Ѕвезда во подем“ за оваа сезона во Евролигата.
Дебитантот во Евролигата е најпријатното изненадување оваа сезона, успеа да го заземат местото кое носи пласман во плеј-ин, каде ривал ќе им биде Реал Мадрид.
Хифи за 20 минути колку што беше на теренот оваа сезона во Евролигата имаше просек од 14,7 поени, 2,1 скока и 1,3 асистенции.
Претходните години наградата „Ѕвезда во подем“ ја добија Габриеле Прочида (Алба), Јам Мадар (Партизан), Рокас Јокубаитис (Барселона), Усман Гаруба (Реал Мадрид).
Спорт
Во Ред Бул стравуваат од посебната клаузула во договорот на Ферстапен

Четирикратниот i актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, имаше разочарувачки викенд. Холанѓанецот ја мина целта на шестото место на Големата награда на Бахреин и по трката изјави дека веројатно извлекол максимум, со оглед на тоа што имал големи проблеми со сопирачките и гумите.
Во моментов, болидот на Ред Бул не изгледа како да може да им парира на најбрзите, особено на Мекларен, па затоа раководството на тимот е загрижено дека Ферстапен би можел да бара нов тим.
Иако има договор до 2028 година, „Дејли Мејл“ открива дека во него има клаузула која му дозволува да менува тим за време на летната пауза доколку заврши полошо од третото во генералниот пласман кај.
„Многу сме загрижени, мораме да го подобриме болидот во блиска иднина за Макс да има болид со кој ќе може повторно да се бори за победи. Мораме да му доставиме болид што може да се бори за титулата. Се разбира, секој врвен возач има излезна клаузула во случај на лоши перформанси, но секогаш е различно. Да, тоа ќе биде тема ова лето“, рече советникот во тимот на Ред Бул, Хелмут Марко.
Ферстапен по четири трки го држи третото место во генералниот пласман, осум бода помалку од лидерот Ландо Норис, додека зад него со шест поени помалку на четвртото место е Џорџ Расел.
Како потенцијални нови дестинации на Ферстапен се споменуваат Мерцедес и Астон Мартин кои од следната сезона ќе соработуваат со Хонда, претходниот партнер на Ред Бул.