Спорт
Не можеле да го трпат – Вајт бил избркан од англиската репрезентација

Бен Вајт, фудбалерот на Арсенал, на 30.ноември го напушти кампот на англиската репрезентација во Катар. Вајт, не одигра ниту една секунда во фазата по групи. Репрезентацијата и клубот објавија дека Вајт од приватни причини се повлекол од Мундијалот.
Откако Вајт се врати во Лондон, неговиот клуб побара да се „почитува приватноста на играчот“, но сега се појавија детали за целиот случај.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Бен Вајт не го напуштил Мундијалот затоа што имал приватни проблеми, туку поради тоа што се степал со помошниот тренер Стив Холанд, долгогодишниот асистент на селекторот Герет Саутгејт.
25. годишниот дефанзивец, кој има само четири настапи за националниот тим, бил незадоволен бидејќи не одигра ниту една минута во групната фаза, а исто така се наведува дека не бил во добри односи со своите соиграчи.
„Дејли мејл“, пишува дека Вајт бил целосно незаинтересиран на тимскиот собир пред натпреварот против САД. Поточно, тој не ги знаел неговите лични податоци од тренингот, ниту пак имал информации за следниот противник на Англија, што прераснало во конфликт со тренерот Холанд.
Вајт беше дел од англискиот тим и на ЕУРО 2020, тогаш го замени повредениот Трент Александер-Арнолд, но и тогаш не одигра ниту една минута на турнирот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафиња ја „крена“ Барса над Севилја, сега имаат 8 поени предност!

Барселона полека станува главен фаворит за титулата во шпанската Ла лига, откако го искористија денешниот „кикс“ на Реал Мадрид и поразот од 1:0 од Мајорка, за да стигнат до убедлива 3:0 победа над Севилја и да се одвојат на осум поени од лутите ривали на врвот на табелата.
Мечот на „Ноу Камп“ не започна најдобро за Чави Ернандез, кога по само осум минути игра, Серхио Бускетс мораше да излезе од игра поради повреда. Севилја, со серија од две победи под водство на Хорхе Сампаоли беше израмнет противник во првото полувреме, пред да им се случи „колапс“ во вторите 45 минути.
Ветеранот Жорди Алба во 58. минута успеа да го совлада Боно со убав удар, за потоа на сцена да стапи Рафиња. Бразилецот прво му асистираше на Гави во 70. минута, за девет минути подоцна да зголеми на 3:0.
Со победата, Барса има 53 поени на првото место на табелата, пред Мадрид со 45, додека Реал Сосиедад се трети со 39 поени. Севилја остануваат 16-ти со 21 поен, два над зоната за испаѓање.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));
Спорт
Интер ја зголеми мизеријата на градскиот ривал

Интер стигна до минимална, но апсолутно заслужена 1:0 победа над Милан во ново издание на „Дерби дела мадонина“, во кое се покажа дека „нераѕурите“ остануваат најсериозен ривал на лидерот Наполи, додека за кризата во „црвено-црниот“ дел од Милано засега нема решение.
„Крвник“ на Милан повторно беше Лаутаро Мартинез, кој во 34. минута по корнерот на поранешниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу го отвори резултатот. Ова беше дури седми гол кој Мартинез го постигнал на градските ривали, со што стана вториот најдобар стрелец за Интер во „Дерби дела мадонина“ по Стефано Најерс, кој има постигнато 11 гола.
Иако овој резултат остана до крајот, тимот на Симоне Инзаги беше апсолутно доминантен во мечот со Милан, доминирајќи со над 60 отсто посед на топката и со 16 обиди кон голот на Татарушану. Лаутаро уште еднаш ја затресе мрежата на Милан во 90. минута, но овојпат голот беше поништен поради офсајд.
Интер остануваат втори на табелата со 43 поени, дури 13 зад Наполи, додека Милан, за кои ова е трет пораз во низа во Серија А, по понижувачките 2:5 од Сасуоло и 0:4 од Лацио, се шести со 38 поени.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));
Спорт
Гвардиола со неверојатен изговор: Долг е патот од Манчестер до Лондон!

Пеп Гвардиола има уникатно објаснување за поразот на неговите Манчестер сити од Тотенхем од 1:0, тврдејќи дека патот од Манчестер до Лондон бил пренапорен да се помине со воз.
Со ова се комплетираше неверојатната статистика – Гвардиола пет пати со Сити го посетил новиот стадион на Тотенхем и пет пати си заминувал како губитник, а неговиот тим во петте меча не постигнал гол.
„Да се дојде од Манчестер до Лондон, тоа е како да патуваш до северна Европа. Се работи за 4 часа и 20 минути, четири и пол часа да стигнеш до хотелот. Верувајате, тоа е исцрпувачки. Жал ми е, но така е“, изјави бизарно Гвардиола.