Спорт
Не му доаѓа памет! Џои Бартон го „нокаутирал“ менаџерот на Барнсли
Полицијата на Јоркшир потврди дека го истражува инцидентот кој се случил во тунелот по мечот Барнсли-Флитвуд во англиската трета лига, кога менаџерот на Флитвуд, проблематичниот Џои Бартон наводно го нокаутирал менаџерот на ривалите Даниел Стендел по 4:2 победата на домаќините.
Напаѓачот на Барнсли, Коли Вудроу на Твитер напиша дека неговиот менаџер Стендел останал со „крв на лицето“ по нападот на Бартон, но потоа ја избриша пораката од Твитер.

Ова е само еден од низата на инцидентите кои ја одбележија кариерата на Бартон, но повеќето се случија додека тој беше фудбалер. Во декември 2004 година, тој изгасна цигара од окото на својот тогашен колега од Манчестер сити, Џејми Танди, кој подоцна го тужеше Бартон и доби 65.000 фунти отштета. Во јули 2005, тој се тепаше со 15-годишен навивач на Евертон во хотелот на Сити во Бангкок, а во мај 2007 беше суспендиран од „граѓаните“ по нападот над Усман Дабо, кој заврши во болница. За ова тој доби четиримесечна условна казна затвор за напад.
Во 2012 година, како фудбалер на Квинс парк ренџерс, тој има легендарен меч против својот поранешен клуб Манчестер сити – добива црвен картон за удар со лакт на Карлос Тевез, во меч во кој претходно со колено го удри Серхио Агуеро, а се обиде и со глава да го удри Винсен Компани. За ова тој доби суспензија од 12 меча. За крај, тој во 2017 добива 18-месечна суспензија откако призна дека се обложувал на голем број на фудбалски мечеви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Џоан Пењароја е новиот тренер на Партизан
Кошаркарскиот клуб Партизан официјално објави дека Џоан Пењароја е новиот тренер на клубот.
Пењароја, кој ја започна оваа сезона како тренер на Барселона и доби отказ поради лошите резултати, пристигна во Белград во понеделник вечерта, а во текот на денот ќе им биде претставен на новинарите и официјално ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Шпанскиот тренер, роден на 20 април 1969 година, досега ги водеше екипите на Барселона, Басконија, Валенсија, Манреза, Бургос и Андора.
Со тимот на Бургос, Пењароја двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА (2020 и 2021 година), како и Интерконтиненталниот куп на ФИБА. Ова му се единствените трофеи во тренерската кариера.
Следниот натпревар, Партизан, ќе го игра во петок, 26 декември против Макаби во Белгр
Foto/ freerangestock
Спорт
600 дена по својот последен настап Ориги како слободен играч го напушта Милан
Дивок Ориги (30) го раскина договорот со Милан и е достапен како слободен агент од 1 јануари и почетокот на зимскиот преоден рок. Белгискиот напаѓач е во Милан од 2022 година, но одигра само 36 натпревари и постигна два гола. Од минатата година е член на резервниот тим на Милан Футуро, кој игра во четвртата лига.
Дивок Ориги го напушти Милан откако поминаа повеќе од 600 дена од неговиот последен официјален натпревар. Својот последен гол го постигна во февруари 2024 година за Нотингем, каде што беше на позајмица.
Ориги потона и на „Трансфермаркт“, неговата вредност сега се проценува на само 500.000 евра.
Ороги се проби во Лил, од каде што се пресели во Ливерпул во 2014 година. Таму, во 2019 година, како резервен напаѓач, стана неочекуван херој на кампањата за Лигата на шампионите.
Тој постигна два гола против Барселона за да го надомести дефицитот од три гола во полуфиналето, а потоа ја обезбеди титулата за „црвените“ со гол против Тотенхем во финалето.
Тој остави свој белег и во белгиската репрезентација. На Светското првенство во 2014 година, тој постигна гол како 19-годишник, со што стана најмладиот стрелец на националниот тим во историјата на Светските првенства.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Салах спречи сензација против 129. репрезентација во светот
Мохамед Салах го спаси Египет во нивниот прв натпревар од Африканскиот куп на нации. Ѕвездата на Ливерпул постигна гол во судиското продолжение за победа 2:1 против Зимбабве.
Египет беше голем фаворит, но во 20-та минута Принс Дубе ја шокираше најуспешната африканска земја во историјата на ова натпреварување.
PRINCE DUBE 🇿🇼
19’ | ⚽️Egypt 🇪🇬 0-1 🇿🇼 Zimbabwe#EGYZIM | #CAN2025 pic.twitter.com/Ym9AturYrm
— AfroBallers (@afroballers) December 22, 2025
Зимбабве водеше со 1:0 до 64-та минута, кога асот на Манчестер Сити, Омар Мармуш израмни, а Египет се спаси од срам кога Салах постигна гол во 91-та минута за победа резултат 2:1 против 129-та репрезентација во светот.
Marmoush 🔥
WHAT A GOAL! ⚽️
— City Chief (@City_Chief) December 22, 2025
MOHAMED SALAH 🇪🇬
90 + 1’ | ⚽️Égypte 🇪🇬 2-1 🇿🇼 Zimbabwe#AfroBallers #EGYZIM | #CAN2025 pic.twitter.com/HvXh66Hm5F
— AfroBallers (@afroballers) December 22, 2025
Евентуалната осма титула во Африканското првенство дополнително би го зацврстила Египет на врвот на листата на рекорди, а за Мохамед Салах тоа би бил првиот таков трофеј во неговата кариера.
Foto/ depositphotos

