Спорт
Не му велете „не“ на Конор, ќе ве тепа!

Конор Мекгрегор ужива во вниманието кое го добива, но не успева да го контролира својот темперамент, што најдобро се покажа на Музичките награди на МТВ во Њујорк, каде што мораше да биде разделуван од раперот Машин Ган Кели (Machine Gun Kelly) наводно поради одбиено заедничко фотографирање.
Двократниот УФЦ шампион и музичарот со вистинско име Колсон Бејкер очигледно беа подготвени за расправија во „Барклис центарот“, и Ирецот влезе во напад на Бејкер кој беше во придружба со својата партнерка Меган Фокс, пред обезбедувањето да интервенира.
Според „ТМЗ“, до инцидентот се случил откако Кели одбил да се фотографира со Мекгрегор, што ескалирало во туркање и истурање на пијачката на Мекгрегор.
Мекгрегор го демантираше тоа.
„Не се случи ништо, јас се борам само со вистински фајтери. Сигурно не се борам со Ванила Ајс бели рапери. Не го познавам човекот. Не знам ништо за него, освен дека е со Меган Фокс“, вели 33-годишниот Мекгрегор.
Why is Conor trying to fight Machine Gun Kelly at the VMA awards. ???? pic.twitter.com/MoN9qa9guU
— Jason Williams (@jasoneg33) September 13, 2021
Conor McGregor threw a drink at Machine Gun Kelly at the VMA's ?
(via laurademytrk/IG) pic.twitter.com/yMMudgq3YG
— Bleacher Report (@BleacherReport) September 13, 2021
Conor McGregor out here trying to fight Machine gun Kelly after he denied to take a picture with him ?????????? #VMAs #ConorMcGregor #MGK pic.twitter.com/qXnfvCHWCa
— Shannon Sharpe Burner Account (@shannonsharpeee) September 13, 2021
Conor McGregor is throwing shade at Machine Gun Kelly. ? #VMAs https://t.co/FJ7v0Kowr4 pic.twitter.com/vtC7ca3oeY
— Entertainment Tonight (@etnow) September 13, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL