Спорт
Нејмар: Направив сè да се вратам во Барселона
Нејмар вели дека „направил сè да се врати во Барселона пред Лионел Меси да му се приклучи во Пари Сен-Жермен потврдувајќи ги шпекулациите дека подолго време сакал враќање во Каталонија.
ПСЖ плати рекордни 222 милиона евра во 2017 да го откупи договорот на Нејмар со Барселона по четири години на „Камп ноу“, во кои освои две титули од Ла Лига и една од Лигата на шампионите во пеколниот напад со Меси и Луис Суарез. Сепак, во летото 2019 постоеја големи шпекулации дека тој сака да се врати во Барселона, но тоа не се оствари.
„Се обидов да се вратам во Барса. Направив сè, но тоа не беше возможно. Но, среќен сум што Лео дојде тука со нас бидејќи тој ми е пријател и добро се согласуваме“, вели 30-годишниот Нејмар.
Бразилецот има проблеми со повредите оваа сезона со само 16 настапи во сите натпреварувања, 4 гола и 4 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФИБА ги одреди организаторите на младинските Европски првенства за 2026 година
На седницата на Бордот, во Букурешт, потврдени номинациите за домаќините на наредните шампионати
Селекцијата на Македонија за кошаркари „Под 18“ години ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 24.јули до 2.август ќе се игра во Хрватска, поточно во Ријека и во Опатија, додека нашиот младински национален тим ќе патува за Словачка, конкретно, до Братислава, каде во периодот од 10.до 19.јули. ќе се игра евро-шампионатот од Дивизијата „Б“, за кошаркари „Под 20“ години.
Нашата машка кадетска репрезентација ќе биде дел од Дивизијата „Б“ на шампионатот кој ќе се игра во периодот од 6.до 15.август, наредната година (местото дополнително ќе биде потврдено).
Наредната 2026 година, женскиот младински репрезентaтивен сегмент ќе го претставува нашата селекција „Под 18“ години.
А Бордот на ФИБА Европа одлучи како домаќин на шампионатот од Дивизијата „Б“ да биде Романија, чија федерација во наредниот период треба да одлучи дали првенството ќе се игра во Плоешти или во Тулчеа, во период од 31.јули до 9.август.

Спорт
(Видео) Челзи победи во Барнли, блескаше Педро Нето
Фудбалерите на Челзи, славеа во Барнли (2:0), во првиот натпревар од 12-то коло во Премиер лигата. „Сините“ славеа победа со головите на Педро Нето и Енцо Фернандес. Челзи, по некомплетното коло, скокна на второто место со 23 бода, Барнли остана на 17-та позиција со 10 поени.
Во отсуство на Кол Палмер, Челзи го предводеше Португалецот Нето. Тој беше двигателот на сите акции на „сините“. Го постигна првиот гол во 37-та минута, по акција која тој ја започна, а потоа добро реагираше со глава по центаршутот на Гитенс.
Португалецот можеше да стави точка во средишницата на вториот дел, но неговиот удар заврши во стативата.
Победата на Члези ја потврди, Енцо Фернандез во 88-та минута, откако добро ја испрати кацијата на Марк Гиу.
Спорт
Тренерот на Хјустон откри која е клучната разлика меѓу Јокиќ и Шенгун
Тренерот на Хјустон, Име Удока, зборуваше за честите споредби помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун. Подуелот на двата тима во Тексас, кој заврши со победа на Денвер (112:109), рече дека се согласува со споредбите, дека меѓу двата центри постојат многу допирни точки, но и дека има една клупна разлика.
Удока рече дека Шенгун и Јокиќ делат голем број карактеристики кои се ретки кај високите играчи: елитна способност за додавање, изолациска игра и изразена дарба за со грб да нападнат кон кошот.
„Тие прават многу исти работи и затоа целосно ги разбирам споредбите“, истакна тренерот.
Сепак, тој додаде дека искуството на Јокиќ е фактор што оди во корист на српскиот центар.
„Јокиќ игра на МВП ниво поеќе од пет години, го мина шампионскиот пат и сè што оди со него. Тоа е огромно искуство што му користи“, рече Удока. Од друга страна, тој нагласи дека Шенгун има физички предности:
„Алпи е малку подобар аткета, но тоа е тоа“.

