Спорт
Фергусон 20 години не му зборувал на Мекалистер, до смртта на неговата сопруга

Поранешниот фудбалер на Лидс и на Ливерпул, а сега помошник-тренер во Астон вила, Гери Мекалистер, открива дека неговиот шкотски сонародник, сер Алекс Фергусон, 20 години не му ја заборавил навредата и не му проговорил ниту збор.
Во финишот на сезоната 1991/1992, тогаш како фудбалер на Лидс јунајтед, Мекалистер заедно со повеќе поранешни ѕвезди на клубот (Ерик Кантона и Ерик Бати) бил во домот на соиграчот Ли Чепмен за да го гледаат клучниот меч на Јунајтед против Ливерпул на „Енфилд“ чекајќи пораз на „ѓаволите“ да ја добијат титулата.
Јунајтед загуби со 2:0 и Лидс стана шампион. По крајот на мечот, Фергусон во интервју зборувал дека Лидс не ја освоил титулата, туку Јунајтед ја загубил.
„Лут и со црвен нос, Фергусон вели: ‘Манчестер јунајтед ја загуби титулата, а Лидс не ја освои’. Јас велам: ‘Големото црвено лице е грациозно во поразот како и секогаш’. Но, бевме вклучени со линк на стадионот и сер Алекс го слушна тоа. Потоа тој 20 години се разминуваше со мене насекаде и никогаш не погледна во моја насока“, вели Мекалистер.
Тоа се сменило во 2006 кога Фергусон стапил во контакт со Мекалистер по смртта на сопругата Денис.
„Тоа е вистинската мерка на човекот. Кога си му ривал, ти си непријателот, но кога минав низ тоа трагично искуство со ракот на Денис, што мислите – кој беше првиот што ми се јави? Алекс Фергусон! Прв со телефонски повик. Ме покани во тренинг-центарот во Керингтон и на кој било меч на Јунајтед. Првото писмо што го добив беше од неговата сопруга. Кога ќе играш против него, ќе направи сѐ да те уништи. Но, има и поинаква страна. 20 години не постоев за него“, открива Мекалистер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.
Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.
Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.
Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.
Así le quedó el tobillo a Musiala. No se puede creer! pic.twitter.com/KiiuAaQHHW
— Mateo Aymard (@Mateoaymard) July 5, 2025
Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.
Heavy emotions for Donnarumma as Musiala appears to have suffered a serious injury 🤕 pic.twitter.com/CvbzmFHDCU
— 433 (@433) July 5, 2025
Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL