Спорт
Нејмар плачел кога дознал дека останува во ПСЖ, соиграчите се потсмевале со него?

Откако и покрај тоа што голем дел од летото беше на насловните страници со неговото посакувано враќање во Шпанија, Нејмар барем уште една сезона (или до јануари) ќе остане фудбалер на Пари Сен-Жермен и според француските медиуми ова му паднало толку тешко што тој буквално плачел со Барселона.
Според шпанскиот „Ел Чирингито“ пак, од Барселона му се јавиле во неделата да му кажат дека направиле сѐ што е во нивна моќ да го вратат на „Ноу Камп“, по што Бразилецот не можел да изддржи.
Од друга страна, неговите соиграчи од ПСЖ во соблекувалната веднаш направиле шега и му кажувале „се кеда“ (se queda) повеќе пати. Шпанската фраза „останува“ стана популарна во јули 2017, кога Жерард Пике објави фотографија со Нејмар со која сакаше да каже дека тој останува фудбалер на Барселона, за неколку дена подоцна Бразилецот да замине во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
The PSG dressing room teased Neymar when he announced he was staying on Saturday by saying “se queda” to him multiple times, according to @mohamedbouhafsi.
— Get French Football News (@GFFN) September 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.