Спорт
Нема позитивни на Ковид-19 во РК Вардар
Вардар, откако пропушти два меча од ЕХФ Лигата на шампионите поради позитивните случаи на коронавирус во противниците, денеска со соопштение објави дека сите тестови на Ковид-19 направени на тимот биле негативни.
„Вардар 1961 денеска направи дополнително тестирање за Ковид-19 на сите ракометари и стручниот штаб и сите имаат негативен резултат.
Тестирањето е направено откако еден играч имаше зголемена температура пред неколку дена. Освен зголемена телесна температура, играчот немал други симптоми и во моментов се чувствува добро и се наоѓа во домашна изолација откако неговиот тест бил позитивен.
Членот на клубот од моментот кога имал зголемена температура и истата била констатирана од страна на лекарскиот тим пред влегувањето во салата веднаш бил вратен дома и е ставен во домашна изолација додека да ги добие резултатите. Немал дополнителни контакти со другите ракометари од тимот.
Другите ракометари пропуштија само еден тренинг со оглед на празниците и слободните денови, а по добивањето на резултатите кои се негативни, екипата ќе продолжи со редовните тренинзи и ќе се подготвува за следниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите со Флензбург во четврток во Скопје.
Вардар 1961 пред самиот меч со Флензбург повторно ќе има тестирање на сите играчи со цел да се запази правилото да се тестираат играчите непосредно пред секој натпревар“, се вели во соопштението на Вардар.
Вардар 1961 денеска направи дополнително тестирање за Ковид-19 на сите ракометари и стручниот штаб и сите имаат…
Posted by RK Vardar 1961 on Monday, 12 October 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.