Спорт
Нема зима за Лев – останува германски селектор
Јоаким Лев не треба да се плаши за својата работа кога Германската фудбалска федерација (ДФБ) потврди дека тој останува германски селектор барем до Европското првенство в година.
Лев веќе 14 години е на чело на „маншафт“ наследувајќи го Јирген Клинсман по СП во 2006 година, носејќи ги до финалето на Евро 2020 (каде што загубија од Шпанија), пред во 2010 да биде трет на СП, во 2012 да стигне до полуфиналето на ЕП пред најголемиот успех – титулата од Светското првенство во 2014 (со победа над Аргентина).
Но, оттогаш следуваше падот. Во 2016 тие стигнаа до ново полуфинале на ЕП пред во 2018 на СП во Русија да загубат во групната фаза по што тој ги исфрли од тимот искусните Томас Милер, Џером Боатенг и Матс Хумелс. Овој месец, пак, дојде неверојатниот 6:0 пораз од Шпанија по што ДФБ потврди дека ќе има ревизија на неговото работење на денешниот состанок на бордот, но одлуката е тој да остане.
„Президиумот на ДФБ во понеделникот преку телефонска конференција се согласи тренерот Јоаким Лев да продолжи со својата работа по советите на Оливер Бирхоф, директорот на националниот тим. Важно е да се зборува за поразот од Шпанија отворено, конструктивно и интензивно. Првата цел е остварена, пласманот на Евро 2021, останувањето во Лига А од Лигата на нациите и заддржувањето на носителското место во квалификациите за СП и затоа довербата останува“, се објаснува во одлуката на ДФБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

