Контакт

Спорт

„Немавме среќа. Не можам да го објаснам ова“

Објавено пред

Шериф, шампионот на Молдавија, ја приреди една од најголемите сензации во историјата на Лигата на шампионите. Легијата на странци, синоќа, среде Мадрид, го победи Реал со 2:1.

„Тажни сме. Повеќе сме тажни, не сме загрижени. Игравме со висок интензитет, некои ситни грешки не однесоа во пораз. Можевме да бидеме прецизни во завршницата. Во некои моменти немавме среќа. Шериф добро се бранеше и беше убиствен во нападот. Тешко е да се објасни ова…“, рекол тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Реал во третото коло ќе гостува кај Шахтјор. По првите две кола, Д-групата ја предводи Шериф со шест бода, Реал има три, а Интер и Шахтјор по еден бод.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Првите патики на Џордан продадени за 1,5 милиони долари

Објавено пред

Првите патики на Мајкл Џордан се продадени за рекордна цена за обувки на аукцијата која ја организираше „Sothbey’s“.

Патиките од серијата „Nike Air Ships“, Џордан ги носел на натпреварот против Денвер Нагетс на 1.ноември 1984 година.

По завршувањето на натпреварот, Џордан патиките му ги подарил на едно од момчињата кои биле задолжени да ги собираат топките и да го бришат паркетот.

„Sothbey’s“, објави дека патиките биле продадени во Лас Вегас, за сума од 1.472.000 долари.

Предметите кои биле во сопственост на Мајкл Џордан, за многумина најдобриот играч во историјата на кошарката, се најбарани кај колекционерите.

Патики кои Џордан го носел во 1985 година, од серијата „Nike Air Jordan 1 High“, во август минатата година, беа продадени за 615.000 долари.

Прикажи повеќе...

Спорт

Невакцинираните сепак ќе можат да настапат на АО?

Објавено пред

Невкацинираните сепак ќе можат да се натпреваруваат на првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен. Ова е спротивно од најавите дека владата на сојузната австралиска држава Викторија, нема да им дозволат влез во државата на оние кои не се вакцинирани.

ВТА, добиле писмо, во кое се наведени правилата за вакцинираните и невакцинираните.

Сите оние кои примиле две дози вакцина, ќе можат да се движат без ограничувања. Единствено ќе мора да се тестираат 72 часа пред да влезат во Австралија и ќе мора да направат еден тест 24 часа по пристигнувањето во државата.

Правилата за невакцинираните се ригорозни. Ќе мора да се тестираат пред и откако ќе влезат во Австралија. Кога ќе влезат во државата веднаш ќе бидат изолирани. Изолацијата ќе трае две недели. Покрај тоа тие ќе мора редовно да се тестираат и нивното движење ќе биде ограничено.

Овие информации се уште се неофицијални, се очекува наскоро да бидат потврдени од владата на Викторија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гидеј го урна светскиот рекорд во полумаратон

Објавено пред

Летесенбет Гидеј постави светски рекорд во полумаратон. Атлетичарката од Етиопија, во Валенсија, забележа време 1:02.52 часа.

Ова остварување на Гидеј е за повеќе од една минута подобро од претходниот рекорд на Рут Чепнгетич (1:04.02 минути).

Гидеј е актуелната светска рекордерка на 5.000 ,метри (14:06.62) и 10.000 метри (29:01.03).

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата, по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 час

Колумбискиот нарко-бос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен нарко бос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци...

Свет2 часа

Тедрос: Пандемијата нема да заврши додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрејесус изјави дека пандемијата на Ковид е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион12 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион15 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија16 часа

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ17 часа

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион19 часа

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион21 час

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет22 часа

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ22 часа

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет2 дена

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија2 дена

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет2 дена

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Регион2 дена

Хрватските граѓани од денеска во САД можат да патуваат без визи

Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави Американската амбасада во Загреб. Оваа...

Свет2 дена

Нови детали: На снимањето на филмот имало и други проблеми и инциденти

Пиштолот од кој актерот Алек Болдвин пукаше на снимањето на филм и ја уби директорката на фотографија, му го дал...

Македонија3 дена

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Досие