Контакт

Спорт

Суарез испиша историја во Лигата на шампионите

Објавено пред

Атлетико во второто коло во Б-групата во Лигата на шампионите забележа драматична победа на „Сан Сиро“. „Јорганџиите“ победија со 2:1, со гол од пенал, постигнат во 97. минута.

ВАР во судиското надополнување на времето им додели пенал на гостите од Мадрид. Судијата Чакир чекаше речиси три минути, на крајот ја прифати одлуката на видеоасистентот.

Луис Суарез потоа го реализира пеналот.

Со овој гол Уругваецот влезе во историјата на Лигата на шампионите. Никој досега не постигнал гол за победа во 97. минута.

Интересно, голот во Милано е прв за Суарез на гостински терен во Лигата на шампионите по шест години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Сосиедад со победа на дождот во Виго до првото место во Ла Лига

Објавено пред

Реал Сосиедад стигна до 2:0 победа на гости кај Селта Виго во меч на кој на „Балаидос“ едвај да имаше можност за вистински фудбал поради силниот дожд за баскискиот тим да стане единствен лидер во шпанската Ла Лига по 11 кола.

Шведската ѕвезда Александер Исак со убав гол во 55. минута ги донесе гостите во водство пред победата да ја потврди Ариц Елустондо во 80. минута од мечот.

Сосиедад има 24 поени на врвот на табелата пред Реал Мадрид, Севилја и Реал Бетис со 21 поен, иако Мадрид и Севилја имаат и меч помалку. Селта е на 14. место со 10 освоени поени.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore
Прикажи повеќе...

Спорт

Веспрем падна во Букурешт, Мешков останува без победа во ЛШ

Објавено пред

Динамо Букурешт ја сопре победничката серија на Веспрем победувајќи го унгарскиот фаворит со 31:29 во драматична завршница на шестото коло во ЕХФ Лигата на шампиони, а во групата на Вардар, Мешков Брест го забележа и шестиот пораз во шестиот меч губејќи со 27:30 дома од Елверум.

Веспрем почна подобро на мечот што се играше пред празни трибини поради пандемијата на Ковид-19 и имаше водство од два гола пред Валентин Гионеа и Кристијан Дисингер да го свртат мечот и да направат три гола предност за Динамо за на полувремето да се отиде со гол предност (14:13). Во второто полувреме предноста на Динамо стигна до 4 гола, но унгарскиот гигант се врати и во драматична завршница загуби со 31:29. Гионеа заврши со седум гола, Раул Кампос додаде шест за романскиот клуб, а Петар Ненадиќ имаше 9 гола за Веспрем.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 6. КОЛО

ГРУПА А

Мешков Брест – Елверум 27:30 (11:14)

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Динамо Букурешт – Веспрем 31:29 (14:13)

Флензбург – Мотор Запорожје 20.45 ч

Порто – Барселона 20.45 ч

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-37565”));

Standings provided by SofaScore LiveScore
Прикажи повеќе...

Спорт

Фановите на Ал-Сад го молат Чави да не си оди

Објавено пред

По вестите дека Чави ќе биде следниот постојан тренер на Барселона по отказот за Роналд Куман, неговиот клуб, катарскиот Ал-Сад, на социјалните мрежи сподели пораки од повеќе навивачи, кои го молат шпанскиот тренер да остане во тимот со кој има голем успех.

Чави зборуваше со новинарите во четвртокот, но не сакаше да коментира за шпекулациите.

„Фокусиран сум на работата со Ал-Сад и нема да зборувам за ништо друго денеска“, изјави Чави.

Легендата на Барса се пресели во Катар во 2015 година по повеќе од 20 години со Блауграна и во 2019 година стана тренер на тимот. Тој ја освои титулата од Старс-лигата во 2020/2021, еден од седумте трофеи за него во само две сезони. Тие немаат пораз во 34 меча и се на првото место на табелата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

(Видео) Цукерберг го смени името на компанијата и откри како ќе изгледа иднината

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, денеска претстави серија нови концепти насочени кон метаверзумот. Метаверзум е широк поим, кој главно...

Македонија5 часа

Седуммина починати и 436 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на...

Македонија8 часа

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според...

Македонија9 часа

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија9 часа

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија10 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија10 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава12 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија12 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет13 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион14 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа14 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет1 ден

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет2 дена

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Досие