Спорт
Несторовски: Жал ми е што не можевме да прославиме со навивачите

Фудбалерите на Удинезе ја одложија шампионската промоција на Јувентус. Синоќа „зебрите“ направија изненадување со триумфот на најтрофејниот италијански тим. Удинезе до големата победа, со која речиси го обезбеди опстанокот во лигата, дојде со голот на Фофана во 92. минута кога 40 минути претходно Илија Несторовски ја поништи предноста до која Јувентус дојде со голот на Де Лихт во финишот на првиот дел.
Голот што го постигна Несторовски беше трет за него оваа сезона, прв на домашен терен. Претходно, тој погоди против Рома во Рим и Сампдорија во Џенова.
„Многу сум среќен што придонесов за оваа историска победа на Удинезе. Заслуживме да победиме, особено сум радосен што придонесов со гол. Жал ми е што не можевме оваа победа да ја прославиме со нашите навивачи“, порачал македонскиот репрезентативец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Армани Милано подготвил четири милиони за Милутинов

Италијанските медиуми објавија дека Никола Милутинов би можел да го засили Армани Милано. Истите извори пренесоа детали од финансиската понуда, според која српскиот центар би станал еден од најплатените играчи во Европа.
Никола Милутинов и Олимпијакос нема да преговараат по завршувањето на финалната серија во грчкото првенство.
Според сознанијата на грчкиот портал „Спорт24“, деталите за соработката, која е блиску до официјализација, веќе се познати.
Милутинов би можел да потпише договор на две години, за плата од 4 милиони евра.
Во првата година, српскиот центар би заработувал 1.800.000 евра, додека во втората би заработил 2.200.000 евра. За третата сезона не беше наведено колку би можел да заработи Милутинов.
Милутинов минатата сезона во Евролигата имаше просек од 8,2 поени со 5,4 скока и просек од 20 минути на паркетот. Дел од сезоната беше повреден, па тоа влијаеше и на неговата игра.
Спорт
Баерн се вклучува во трката за потписот на Нико Вилијамс

Нико Вилијамс долго време е интересен за многу големи клубови низ Европа.
Барселона, минатото лето беше заинтересирана за овој млад фудбалер, кој се премисли во последен момент и реши да остане во Билбао. Наводно Арсенал сериозно е заинтересиран, а сега во трката се вклучил и Баерн.
Според германски „Билд“, шпанскиот фудбалер бил скаутиран од директорите на Баерн, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, за време на натпреварот против Франција, во Лигата на нации.
Олеснителна околност за Баерн треба да биде откупната клаузула за Вилијамс, која не е поголема од 60 милиони евра, што за гигант како клубот од Минхен не би требало да биде проблем.
Овој крилен напаѓач одигра 29 натпревари за Атлетик Билабо минатата сезона, постигна пет гола и забележа исто толку асистенции.
Спорт
Интер подготвиле договор за Киву

Кристијан Киву, до крајот на денот треба да потпише договор со Интер, тврдат италијанските медиуми.
Романецот, вчера бил во хотел во центарот на Милано, каде што имал разговор со челниците на Интер и како што стојат работите, состанокот поминал добро.
Киву треба да потпише двегодишен договор овој петок, по што официјално би бил претставен како нов тренер на Интер.
Тој доаѓа на тренерската позиција во клубот на местото Симоне Инзаги, кој гзамина по дебаклот во финалето на Лигата на шампионите и го презеде тимот на Ал Хилал.
Досега, Киву работеше како тренер само во младинските категории на Интер, а оваа сезона го водеше првиот тим на Парма, успеа да избори опстанок во Серија А.
Киву, играч доби „кредит“ беше дел од најславните моменти на клубот. Играше за Интер од 2007 до 2014 година, а во сезоната 2009/10 ја освои тројната круна, што е најдобрата сезона во историјата на клубот.