Спорт
Нестварен натпревар на Богдановиќ, Кари го растури Мемфис, Јокиќ и Леброн не можат сами

Богдан Богдановиќ, Стеф Кари, Никола Јокиќ, Девин Букер, Леброн Џејмс ја обележа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Спрскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ е тема во САД. Тој го реши дуелот во Филаделфија кога не успеа да погоди ништо до последните четири минути.
Богдановиќ ги промаши првите 13 шута на натпреварот, потоа на четири минути до крајот погоди тројка за прва предност на Атланта (91:90). До крајот на натпреварот кај Атланта поени постигнуваше само Богдановиќ.
Србинот постигна 10 поени за триумф на Атланта 98:96.
Неговиот сонародник Никола Јокиќ уште еднаш покажа дека нема со кого да игра во Денвер. Јокиќ на дуелот со Шарлот забележа 29 поени и 21 скок, но тоа не беше доволно неговиот тим да слави победа.
Шарлот ја стигна предноста на Денвер од 17 поени во последната четвртина и на крајот славеше 115:107.
Слично како Јокиќ, и Леброн Џејмс игра брилијантно, но Лејкерси губат. Џејмс против Сан Антонио постигна 36 поени, но неговиот тим забележа катастрофален пораз 110:138.
Голден стејт Вориорс и Финикс Санс ја продолжуваат мртвата трка за првата позиција во лигата.
Вориорс, предводен од Стеф Кари, славеше победа над Мефис 114:103. Кари натпреварот го заврши со 46 поени, погоди осум тројки од 14 обиди. Во редовите на Мемфис тројца играчи постигнаа 20+ поени.
Финикс немаше проблем со Оклахома, победи 113:101. Девин Букер го предводеше својот тим со 30 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фулкруг двоен стрелец за Германија против Перу

Никлас Фулкруг блесна во дресот на фудбалската репрезентација на Германија и со два гола донесе победа од 2:0 на пријателскиот натпревар против Перу. Овој меч се одигра во Мајнц, а Германците беа подобар ривал.
Фулкруг го отвори резултатот во 12.минута, а потоа уште еднаш стрелаше во 33.минута.
Каи Хаверц во второто полувреме не реализира пенал за уште поубедлив триумф.
Спорт
Реновираната Шпанија блесна против Норвешка, Велс ја изненади Хрватска на „Пољуд“

Поранешниот европски и светски првак, селекцијата на Шпанија, одлично го отвори новиот циклус квалификации за ЕП 2024 откако ја совлада Норвешка со 3:0. Реновирана „црвена фурија“ која сега ја предводи Луис де ла Фуенте, поведе со голот на Дани Олмо во 13.минута. Во финишот Хоселу со два гола го реши победникот. Тој стрелаше во 84. и во 85. минута за убедлив триумф на Шпанците.
Хрватска имаше водство до судиското продолжение, а потоа Велс постигна гол за израмнување (1:1) на „Пољуд“. Андреј Крамариќ во 28.минута донесе предност за „коцкестите“, а израмни Натан Бродхед во 93.минута.
Романија беше подобра од Андора на гости и славеше со 0:2.
Спорт
Ново признание за Меси, репрезентативната база на Аргентина ќе го носи неговото име

Заедно со бројот на освоени награди во текот на кариерата, Лионел Меси доби уште едно признание. Неговото име од денеска ќе ја краси базата на репрезентациите на Аргентина, која се наоѓа во Буенос Аирес.
На специјална церемонија, со учество на претседателот на федерацијата Клаудио Тапија и поранешни и сегашни репрезентативци на „албиселесте“, комплексот го доби своето ново име.
„Ви благодарам за признанието, толку е возбудливо“, изјави Меси. „Во оваа база доаѓам 20 години и тоа го правам со задоволство од првиот ден. Многу е убаво да се знае дека базата отсега ќе го носи моето име. Чувството е посебно поради многуте фудбалери кои поминале оттука. Поминав низ тешки времиња, но секогаш сум бил среќен кога доаѓав овде. Јас сум еден од оние кои веруваат дека таквото признание треба да им се даде на луѓето додека се живи“, истакна аргентинскиот ас.
The unveiling of the Lionel Messi plaque.pic.twitter.com/RZDO7J2YJC
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 25, 2023