Спорт
Неверојатниот Медведев преку Циципас до шесто финале во низа
Сезоната од соништата за Данил Медведев продолжува, откако тој со 7:6(5)/7:5 го совлада Гркот Стефанос Циципас за пласман во финалето на Мастерсот во Шангај, каде што ќе оди на втора Мастерс 1000 титула во кариерата.
Во тесниот прв сет, двајцата тенисери не правеа грешки на сопствен сервис, освен во петтиот гем, кога Медведев спаси три брејк топки. И во тај-брејкот меѓу двајцата млади фудбалери беше тесно, и Русинот конечно направи одличен потег за 6:5 водство и освојување на сетот.
Медведев имаше шанса порано да го заврши мечот, откако сервираше за победа при 5:4, пред Циципас да се врати. Сепак, Русинот, повторно направи брејк за уште едно големо финале.
Ова е деветто финале оваа година за Русинот, кој од почетокот на јули има 28-3 скор, а поразите дојдоа во финалињата.
Make that SIX finals in a row for @DaniilMedwed ?
Washington
Montreal
Cincinnati
US Open
St. Petersburg
Shanghai ?#RolexSHMasters pic.twitter.com/IToODXMbxh— Tennis TV (@TennisTV) October 12, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шпанскиот суд ја блокираше сметката на Пике
Шпанскиот суд нареди замрзнување на банкарската сметка на компанија со која раководи Жерар Пике, додека трае истрагата за бизнис зделката за преместување на Суперкупот во Саудиска Арабија.
Судот ги потврди извештаите на локалните медиуми дека истражниот судија Делија Родриго постапил по барањето на државниот обвинител за замрзнување на банкарска сметка на компанијата „Космос“, чии основач и управител е Пике.
Шпанската полиција го уапси поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес претходно овој месец како дел од истрагата за корупција и активности за перење пари за време на неговиот мандат.
Уште седум лица беа уапсени во март кога полицијата изврши претрес во канцелариите на Сојузот во Мадрид и домот на Рубиалес во Гранада.
Рубиалес го „пресели“ домаќинството на Суперкупот од Шпанија во Саудиска Арабија во 2020 година, со договор наводно вреден 40 милиони евра по турнир. Пике, кој во тоа време играше за Барселона и играше во Суперкупот на Шпанија, помогна да се заврши договорот преку неговата компанија „Космос“.
Државните обвинители започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беа обелоденети аудио снимки од разговори помеѓу Рубиалес и Пике во врска со провизија од неколку милиони долари.
Во меѓувреме Пике се повлече од фудбалот, а доживеа бродолом и во приватниот живот, бидејќи се разведе од колумбиската поп-ѕвезда, Шакира.
Космос се вклучи и во „реновирањето“ на тенискиот Дејвис куп, а лансираше и алтернативно фудбалско натпреварување – Кралската лига во Шпанија.
Рубиалес поднесе оставка во септември откако предизвика меѓународен скандал бакнувајќи ја во уста Шпанката Џени Хермосо, без нејзина дозвола, за време на церемонијата на доделување медали на Светскиот куп за жени во Сиднеј, каде Шпанија го освои првото место.
Спорт
(Видео) Кам-бек на Хиршер, ќе скија за друга држава
Еден од најдобрите скијачи во историјата, Марсел Хиршер, на 36 годишна возраст реши да се врати во Светскиот куп.
Хиршер, кој осум пати го освои Големиот кристален глобус, се пензионираше во 2019 година.
Интересно е што тој нема да се натпреварува под знамето на Австрија, туку ќе ги брани боите на Холандија.
Имено, Хиршер сака да настапи за Холандија и на тој начин да ја исполни желбата на својата мајка која е од таа земја.
Според правилата на Светската скијачка федерација (ФИС), скијачот може да го смени спортското државјанство на почетокот на новата сезона, а официјално тоа може да го направи од 1 јули.
Во својата кариера, покрај осумте последователни титули на Светските првенства од 2012 до 2019 година, Хиршер освои и три олимписки медали (две златни), 11 светски медали, а има вкупно 67 победи во Светскиот куп.
Спорт
Атаман: Заминувам ако не се пласираме на Ф4
Макаби направи брејк во Атина, го победи Панатинаикос со 91:87 и поведе во четвртфиналната серија со 1-0. Тренерот на зелените, двократен освојувач на Евролигата со Анадолу Ефес, Ергин Атаман, најави оставка доколку Панатинаикос не се пласира на завршниот турнир во Берлин.
„Им ветив на сите луѓе овде дека ќе одиме на Фајналфор. Ако не се пласираме, нема да бидам во Панатинаикос следната година“, рече Атаман, а потоа со доза на оптимизам и поплаки на судењето најави дека зелените ќе одат во Берлин.
„Не одигравме како што планиравме, особено во второто полувреме и во финишот на натпреварот. Промашивме многу отворени шутеви, но исто така е смешно што на Болдвин му дадоа шест слободни фрлања, без причина, на два шута за три поени. Одиме понатаму, ќе победиме во серијата“, рече Атаман.