Спорт
Неверојатно промашување на Чурлинов

Славните германски клубови ХСв и Шалке, го одиграа дерби мечот во Втората Бундес лига. Натпреварот заврши без победник 1:1. На есенската пауза ХСВ и Шакле ќе заминат со по 30 поени, на третото и четвртото место.
Глацел постигна гол во втората минута за ХСв, а израмни Итакуа на три минути пред крајот на натпреварот.
Пресметката во Хамбург ја обележа нестварното промашување на македонскиот репрезентативец Дарко Чурливов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кливленд Кавалирс обезбедија место во плеј-офот

Кливленд Кавалирс се четвртиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди пласман во плеј-офот. Претходно од Истокот место во разигрувањето обезбедија Милвоки, Бостон и Филаделфија.
Кливленд, изминатата ноќ, славеа убедлива победа над Хјустон 108:91. Џерет Ален со 24 и Донован Мичел со 22 поени го предводеа Кливленд до деветтата победа во последните 11 натпревари.
Кавалирс за првпат по 2018 година изборија пласман во плеј-офот.
Резултати:
Атланта – Мемфис 119:123
Бостон – Сан Антонио 137:93
Кливленд – Хјустон 108:91
Орландо – Бруклин 119:106
Торонто – Вашингтон 114:104
Портланд – Оклахома 112:118
Голден Стејт – Минесота 96:99
Спорт
Што ќе се случи со казната ако Маркез не вози во Аргентина?

Возачот на Хонда, Марк Маркез, најверојатно нема да учествува на трката за ГН на Аргентина, која е веќе закажана за следната недела.
Шпанецот ја повреди десната рака на стартот од сезоната во Португалија кога во тежок инцидент го удри Мигел Оливеира. Станува збор за повреда на метакарпалната коска.
Маркез моментално нема лиценца за трка, но дополнителните прегледи во Барселона ќе дадат одговор на прашањето дали нешто ќе се промени и дали веќе од петок ќе го гледаме во Аргентина.
Шесткратниот светски шампион би можел да биде третиот возач од „кралската класа“ кој отпадна од патеката по првиот викенд, а се уште не е познато во каква состојба е Оливеира.
За инцидентот на патеката „Алгарве“, 30. годишниот Маркез е санкциониран со два долги круга. Во образложението пишува дека казната треба да ја одработи во Аргентина, но не е познато што ќе се случи доколку не вози таму.
Ако се почитува правилникот, казната може едноставно да исчезне и да не се префрли на следната трка на која ќе учествува.
Важно е да се напомене дека казната не ја одредува Дорна, туку панелот на Светската мотоциклистичка федерација во кој беа Тамара Матко, Андрес Сомолинос и Фреди Спенсер во Португалија.
Со оглед на лавината коментари што ја предизвика неговата грешка, како и признанието, може да се очекува Маркез да ја отслужи казната, дури и ако не вози во Аргентина
Возачот на КТМ, Пол Еспаргаро, беше тешко повреден на вториот тренинг во саботата и во недела беше пренесен во болница во Барселона, додека членот на Дукати, Енеа Бастианини ќе го прескокне тркачкиот викенд во Аргентина поради повреда на рамото.
Home hero @_moliveira88 couldn't see it coming! 💥@marcmarquez93 clipped @88jorgemartin and wiped the @rnfracingteam rider out of contention ⚠️#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/ij6lawV1Jt
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 26, 2023
Спорт
Конте го напушти Тотенхем

Италијанскиот стручњак Антонио Конте повеќе не е менаџер на Тотенхем. Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката која траеше 16 месеци.
Тотенхем моментално е четврти во Премиер лигата, но оваа сезона е елиминиран од сите куп натпреварувања.
Помошникот на Конте, Кристијан Стелини, ќе остане како главен тренер до крајот на сезоната, а ќе му помага екс-фудбалерот на Тотенхем, Рајан Мејсон.
„Ни остануваат уште 10 натпревари во Премиер лигата и продолжуваме да се бориме за пласман во Лигата на шампионите“, изјави Даниел Леви, претседателот на Тотенхем.
Тотенхем смени неколку менаџери по заминувањето на Маурисио Покетино во 2019 година, вклучувајќи го и Жозе Мурињо.