Спорт
Незадоволен од понудата – Ридигер повторно го одбил Челси

Челси треба да ја зголемат финансиската понуда, во спротивно ќе останат без Антонио Ридигер. Британските медиуми тврдат дека и последната рунда од преговорите околу новиот договор завршила неуспешно.
Договорот на Ридигер со Челси истекува во јуни 2022 година. Желбата на Челси е фудбалерот да остане на „Стенфорд Бриџ“, но доколку клубот не му ги исполни барањата, тој ќе го напушти Лондон.
Челси му понудиле годишна плата од 8,34 милиони евра, Ридигер побарал плата на годишно ниво од 12 милиони евра.
Според медиумите, откако ја слушнал понудата, Ридигер се чувствувал како некој да му удрил шлаканица.
Сепак Германскиот репрезентативец се надева дека ќе постигне договор со клубот и дека тој ќе остане во Челси. Сериозен интерес за Ридигер покажуваат Баерн Минхен и Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мурињо со преведувач дојде на прес конференцијата по победата над Сасуоло

Во 14. коло од Серија А, Рома победи на гостувањето кај Сасуоло со 2:1 и скокна на четвртото место на табелата. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по натпреварот не сакаше да зборува на италијански на прес-конференцијата.
Португалецот по натпреварот изјави дека неговиот италијански не е „доволно добар“ и реши да зборува на португалски. Тој на прес конференцијата дојде со преведувач.
„Благодарност до директорот Тиаго Пинто и останатите клупски челници. Во последните неколку часа ја добив поддршката што ја добив за да ја завршам мојата работа на вистински начин. Тимот одигра добро и јас сум многу среќен за моите играчи и навивачи“, рече Мурињо и потенцираше дека победата му ја посветил на својот помошник Салваторе Фоти, кој доби црвен картон минатото коло против Удинезе.
Мурињо е под истрага од Фудбалскиот сојуз на Италија бидеќи пред натпреварот изјави дека се посомнева во емоционалната стабилност на судијата Матео Марсенаро пред натпреварот на Сасуоло.
„Кога зборував за тоа, мислев на квалитетот потребен за настап на највисоко ниво“, изјави Мурињо по натпреварот.
Во 63. минута играчот од средниот ред на Сасуоло, Даниел Болоца беше исклучен од Марсенаро за водство од 1:0, а 13 минути подоцна досуди пенал за Рома, која на крајот успеа да направи пресврт.
Спорт
Македонија во третиот шешир на ждрепката за Лигата на нации

Foto/ EPA
Фудбалската репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од Лигата Ц во Лигата на нации. Ждрепката во февруари, Макеоднија ќе ја чека од третиот шешир.
УЕФА реши од од овој циклус да воведе мали промени. Од Лига Ц, во Лига Б ќе се пласираат победниците на групите, додека второпласираните ќе играат бараж со третопласираите од Лига Б. Како и досега последнопласираните репрезентации ќе изпаднат во Лига Д.
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврт шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Ждрепката за Лигата на нации ќе биде извршена на 8 февруари наредната година во Париз. Натпреварите во Лигата на нации ќе се играат во септември, октомври и ноември наредната година, а плеј-офот во март 2025 година.
Спорт
Рони О’Саливен ја освои рекордната осма титула

Најдобриот и најпопуларен снукер играч на сите времиња, 47-годишниот ветеран Рони О’Саливен по рекорден осми пат го освои британскиот шампионат.
Актуелниот светски број 1 постави нов рекорд во светот на снукерот: со победата во финалето над Динг Жанхуи со 10-7. О’Саливен стана најстариот шампион на Велика Британија.
О’Саливен си го подготви најубавиот роденденски подарок бидејќи овој триумф доаѓа два дена пред да наполни 48 години (вторник, 5 декември) и три децении откако влезе во историјата во ноември 1993 година, кога на само 17 години и 358 дена стана најмлад шампион на Велики. Британија кога во Престон го победи легендарниот шкотски играч Стивен Хендри со 10-6.
Рони ја обезбеди главната награда од 250.000 фунти (околу 290.000 евра) победувајќи го 36-годишниот кинески играч.
За седумкратниот светски шампион (2001, 2004, 2008, 2012, 2013, 2020, 2022 година) тоа беше 22-та титула од трите престижни турнири (Мастерс, првенство на Обединетото Кралство и Светско првенство) и 40-та титула во кариерата.