Спорт
Алвес: Дајте ми два часа и ќе го вратам Меси во Барселона

Дани Алвес, минатата недела, се врати во Барселона. Бразилецот, без размислување на прифати понудата повторно да го облече дресот во кој ги мина најубавите години во кариерата.
38-годишниот ветеран верува дека Барселона, притисната од финансиските проблеми, ќе ја врати славата која ја заслужува. На новинарите им открил дека му е жал што Лионел Меси повеќе не е во клубот. Аргентинецот во летниот преоден рок се пресели в ПСЖ.
„Дајтеми два часа и ќе г вратам Меси во Барселона“, самоуверено изјави Алвес.
„Сметам дека тој е најдобриот играч, за мене тој е соиграч од сништата. Нормално е дека ни недостигаат некои поранешни играчи, но сега приказната е малку поинаква. Додека се сеќаваме на великаните од минатото, мораме да се потпреме на играчите кои се тука да му ја вратат славата на клубот“.
Дани Алвес е најтрофејниот играч во историјата на фудбалот. Во кариерата освоил 43 трофеи, 23 од нов како играч на Барселона. За „Блауграна“, во првиот мандат одиграл 391 натпревар, постигнал 21 гол, забележал 101 асистенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола: Не успеав да го извлечам најдоброто од Филипс

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста што играчот од средниот ред Калвин Филипс не ги испорача настапите за „граѓаните“ како што се очекуваше по неговото пристигнување на „Етихад“ минатото лето.
Филипс беше купен за 45 милиони фунти од Лидс каде што блескаше и беше еден од главните играчи кај тогашниот менаџер Марсело Биелса. Гвардиола многу пати изјавил дека легендарниот Биелса е неговиот „фудбалски татко“.
Гвардиола најави дека англискиот репрезентативец ќе го започне натпреварот во Лига купот со Њукасл, што ќе биде петти старт за 27. годишниот фудбалер во дресот на Манчестер сити.
„Марсело му помогна на Калвин да дојде до врвот. Би сакал да бидам успешен во тој поглед, но начинот на игра е барем малку поинаков во Сити и затоа Филипс понекогаш се мачи во некои аспекти. Визијата на Биелса целосно му одговараше“, изјави Гвардиола и додаде:
„Челниците на клубот разговараа со него бидејќи не успеа да се избори за минутажа, но Калвин сакаше да остане и да се бори за своето место. Го купивме затоа што е квалитетен, широкоумен и желен да учи и да придонесува. Работиме заедно за да ја постигнеме таа цел“.
Манчестер Сити ја отвори сезоната во Премиер лигата со максимални шест победи и е на првото место.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Хименез за историја и конечни Ајакс – Феенорд 0:4

Холандското деби кое започна во неделата заврши попладнево со убедлива победа на Феенорд на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.
Натпреварот во неделата беше прекинат во 55. минута при резултат 0:3. Навивачите на Ајакс го прекинаа натпреварот, откако на теренот започнаа да фрлаат разни предмети и факели. Потоа тие направија хаос и низ Амстердам.
Поради тоа неочекувана беше одлуката на Фудбалскиот сојуз на Холаднија натпреварот да продолжи од 55.минута.
Головите пред прекинот ги постигнаа Хименез во 9. и 18. минута и Паишао во 37. минута.
Веднаш откако натпреварот продолжи, Феенорд го постигна четвртиот гол, стрелец беше Хименез.
GOOAAAAAL
Santiago Gimenez
Ajax: 0-4 :Feyenoord#ajafey pic.twitter.com/Msx6hfdAjO— Dutch Leagues #Eredivisie 🇳🇱🇹🇷 (@DutchLeagues) September 27, 2023
Хименез забележа хет-трик и стана првиот играч на Феенорд кој трипати ја погодил мрежата во дербито против големиот ривал Ајакс.
Foto/ EPA
Спорт
Рекордни 24 трки во мото ГП-календарот за 2024 година

Челниците на Мото ГП шампионатот го објавија прелиминарниот натпреварувачки календар за 2024 година.
Според календарот ќе се возат рекордни 22 трки., односно две повеќе од оваа сезона.
Борбите за титулата во сите три класи треба да стартуваат на 10 март во Катар, додека последната закажана трка е онаа во Валенсија на 17 ноември.
Помеѓу овие две трки треба да се возат: Португалија, Аргентина, Америка, Шпанија, Франција, Шпанија (Каталонија), Италија, Казахстан, Холандија, Германија, Велика Британија, Австрија, Шпанија (Арагорн), Сан Марино, Индија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Тајланд и Малезија.
Foto/ EPA
The provisional 2024 #MotoGP Calendar in all its glory! 👇
Which round are you most looking forward to? 😎#MotoGP2024 pic.twitter.com/8N7tpBYRze
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 27, 2023