Спорт
Никој нема да го собори овој рекорд на Федерер

Роџер Федерер е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, сопственик е на многу рекорди, а еден од нив веројатно никогаш нема да биде соборен.
Колумнистот на „Тенис Ворлд САД“, Лоренцо Чиоти, констатира дека никој не може а го собри неговиот рекорд според бројот на последовни недели минати на првото место на АТП листата.
Швајцарецот АТП листата ја предводел 310 недели, од нив без прекин 237 недели бил светски број 1.
Кога се работи за овој статистички податок на второто место е Џими Конорс со 160 недели, а трет е Иван Лендел со 157 последовни недели како број 1.
Од активните тенисери Новак Ѓоковиќ се наоѓа на четвртото, а Рафаел Надал на осмото место на вечната листа.
Топ 10:
1. Роџер Федерер 237 од 310 – 76.45%
2. Џими Конорс 160 од 268 – 59.7%
3. Ибан Лендл 157 од 270 – 58.14%
4. Новак Ѓоковиќ 122 од 282 – 43.26%
5. Пит Сампрас 102 од 286 – 35.66%
6. Лејтон Хјуит 75 од 80 – 93.75%
7. Џон Мекинро 58 од 170 – 34.11%
8. Рафаел Надал 56 од 209 – 26.79%
9. Андре Агаси 52 од 101 – 51.48%
10.Бјорн Борг 46 од 109 – 42.2%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez
Спорт
Де Брујне ја објасни разликата помеѓу Конте и Гвардиола

Кевин Де Брујне вели дека се стреми кон 25-от трофеј во својата прва сезона со Наполи и ги објасни разликите помеѓу Пеп Гвардиола во Манчестер сити и Антонио Конте.
„Би рекол дека имаат два различни начини на игра. Пеп е веројатно малку повнимателен во контролата и поседот на топката, додека Конте е малку поструктуриран во играта и многу се фокусира на менталитетот. Пеп работи повеќе во просторот“, изјави Де Брујне за „Кориере дело Спорт“.
„Постојат неколку различни работи, но секој тренер има свои принципи и карактеристики“.
Белгиската ѕвезда, исто така, објасни кој трофеј најмногу сака да го освои за време на неговиот престој во Наполи.
„Веројатно Скудетото, но никогаш не сакам да бирам. Ќе земам што можам да освојам. Сепак, бидејќи никогаш не сум играл во Италија, освојувањето на лигата би била добра цел, тоа би било многу кул“.
Спорт
На сите играчи што ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.