Контакт

Спорт

Ништо од Евробаскет – Македонија со пирова победа над Естонија

Објавено пред

Естонија се квалификуваше на Евробаскетот во 2022 година, откако Македонија стигна до 86:84 победа, која сепак, не беше доволна младиот тим на Александар Тодоров да направи подвиг.

По вчерашната спектакуларна победа над Италија, Македонија поведе и на стартот против Естонија, но потоа противникот дојде во предност, која стигна до 14 поени разлика. Во второто полувреме, полека почнавме да ги стигнуваме Естонците, за на две минути до крајот да дојдеме на само еден поен разлика (80:89) предводени од фантастичниот Ненад Димитријевиќ, кој и покрај повредата беше нашиот најдобар играч.

Во тој момент, најдобрата варијанта за нас беше да се оди на продолженија, па потоа да се бара победата од +9 разлика. Естонците на минута пред крај дојдоа до 84:81, а на 40 секунди пред крајот Димитријевиќ не успеа во обид за тројка. По фаулот над Вајли, тој ги оствари двете слободни фрлања, но обидот на Димитријевиќ во следниот напад да изнуди фаул. Естонците намерно ги промашија своите слободни фрлања, по што со тројка дојдовме до победата, недоволна за пласман.

Димитријевиќ заврши со 22 поени, Бојан Трајковски додаде 21 поен за Македонија.

И покрај овој пораз, сепак, тимот на Тодоров ја врати вербата во македонската кошарка и во некои идни успеси.

Спорт

Гатузо заминува од Наполи, се сели во Фиренца

Објавено пред

Џенаро Гатузо, наредната сезона би можел да ја предводи Фиорентина. Гатузо е тренер на Наполи, но извесно е дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Договоорт на Гатузо со Наполи истекува на 30.јуни.

Гатузо преговарал со Фиорентина, откаде му понудиле двегодишен договор, со моженост истиот да биде продолжен на уште една година. Медиумите во Италија тврдат дека тој, годишно би заработувал два милиони евра.

Џенаро Гатузо, во декември 2019 година го замени на клупата на Наполи, Карло Анчелоти, кој се пресели во Евертон. На крајот од сезоната тој успеа да го освои Купот на Италија.

Тренерската кариера ја започна во Милан во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Буфон преговара со Аталанта, сака да брани на СП во Катар

Објавено пред

Џиџи Буфон втор пат во кариерата ќе го напушти Јувентус. Легендарниот голман има желба да брани во континуитет, за да може да избори место во репрезентацијата за Светското првенство во 2022 година.

Кариерата која ја започна во Парма, во 1995 година, Буфон ја продолжи во Јувентус во 2001 година. Остана Јувентус и кога клубот беше исфрлен во Серија Б. Сезоната 2018/2019 ја мина во ПСЖ, а потоа се врати во Торино.

Според италијанските медиуми тој бил подготвен повторно да го напушти Јувентус, но овој ат ќе остане во Серија А. Буфон наредната сезона би требало да го облече дресот на Аталанта. Клубот од Бергамо, во летниот преоден рок планира да ги продаде голманите Голини и Спортиело.

Во тој случај Буфон би бил прв голман, а негова замена младиот Карнесечи, кој оваа сезона е позајмен во Кремонезе.

Иако има 43 години, Буфон, оваа сезона покажа дека се уште може да врани на големата сцена. Целта, наредната година, ќе му биде да игра на Светското првенство во Катар.

Во кариерата, Буфон настапил на пет светски првенства, во 2006 година со Италија ја освои титулата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јокиќ го декласира Хјустон

Објавено пред

Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен натпревар во НБА лигата. Центарот го предводеше Денвер до победа во Хјустон 128:99. Денвер, по шест години успеаја да победат во Хјустон. Јокиќ, во 56 натпревар сезонава го забележа јубилејниот 50 „дабл-дабл“.

Српскиот репрезентативец, одигра нешто помалку од 30 минути, забележа 29 поени, 16 скокови, седум асистенции и две украдени топки.

Покрај Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени: Мајкл Портер јуниор забележа 21 поен и пет скока, Џамајкл Грин (13), Вил Бартон (12). Пи-Џеј Дозиер (11), Пол Милсап (11 поени, 10 скока).

Најлошиот тим во лигата, го предводеше Кели Олиник со 23 поени: Хјустон сезонава имаат само 14 победи и 42 порази.

Денвер со 36 победи и 20 порази се четврти во Западната конференција.



Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Македонија1 час

МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22...

Македонија2 часа

Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му одредија притвор

Одбраната на Орце Камчев поднесе кривични пријави против судиите кои му го продолжија притворот за уште 30 дена за предметот...

Регион3 часа

Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес....

Свет3 часа

Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот...

Македонија4 часа

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 22-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 22-годишно момче кое доби...

Регион18 часа

Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката...

Македонија20 часа

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го...

Македонија22 часа

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија24 часа

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија1 ден

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет1 ден

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа1 ден

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион1 ден

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија1 ден

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион1 ден

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија1 ден

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа2 дена

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија2 дена

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Македонија2 дена

Мицкоски: Илјадници луѓе се заведени во Избирачкиот список со два матични броја

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите обелодени нов скандал со назив „Мафија 2“, кој се однесува...

Досие