Спорт
Ова е најлошо изведениот пенал во историјата

Мечот од Копа Аргентина меѓу Атлетико Атланта и Вилја Сан Карлос ни го донесе најлошо изведениот пенал, можеби во историјата на фудбалот откако Гонзало Коронел првин имаше неверојатно долго залетување, за голманот Родриго Бенитез лесно да му ја одбрани топката.
Мечот во регуларниот дел заврши со 0:0, а во тој момент беше 3:3 на пенали откако сите претходни фудбалери ги постигнаа своите обиди. Сан Карлос на крајот стигна до победата со 4:3, а Коронел беше трагичарот на мечот.
No se puede creer. ¡Este penal no se puede creer! #CopaArgentinaEnTyCSports. pic.twitter.com/qYvP0D3IrY
— TyC Sports (@TyCSports) February 21, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ефес со доминација – веќе има 2:0 против Реал

Анадолу Ефес е на една победа од обезбедување место на фајналфор-турнирот во Евролигата откако со 91:68 го декласира Реал Мадрид во „Синан Ерден доум“ во четвртокот за 2:0 водство во четвртфиналната серија.
Василије Мициќ имаше 23 поени со 5 тројки од 5 обиди и додаде 4 скока и 3 асистенции, а Шејн Ларкин помогна со 21 поен за третиот носител по регуларниот дел во Евролигата.
Разликата Ефес ја направи во третата четвртина по што Реал немаше одговор, особено без повредениот Валтер Таварес. Најдобар за Реал беше Треј Томпкинс со 14 поени, а 41-годишниот ветеран Фелипе Рејес имаше 6 поени за да стане најстариот стрелец во историјата на Евролигата.
Серијата се сели во Мадрид за третиот натпревар во вторник.
Спорт
Кореа е џокерот на Симеоне – Атлетико се врати на врвот во Шпанија

Алетико Мадрид ја врати првата позиција во Ла Лига и предноста од 3 поени пред градските ривали Реал Мадрид откако со 2:0 го совлада аутсајдерот Уеска, кој грчевито се бори за опстанок.
Човек на одлука беше Анхел Кореа, кој откако беше критикуван за слабите игри оваа сезона, во последно време е најдобриот играч во тимот на Диего Симеоне. Тој во 39. минута ја декласира одбраната на гостите за да го постигне својот трет гол во последните три меча, во кои има и две асистенции. Во 84. минута Јаник Караско зголеми на 2:0 за осигурување на триумфот.
Атлетико, сега, по 32 кола, има 73 поени на врвот на табелата, три повеќе од Реал Мадрид, шест пред Севилја и осум пред Барселона, иако Каталонците имаат два меча помалку. На другата страна на табелата, пак, Уеска останува во зоната за испаѓање на 18. место со 27 поени, еден помалку од Валјадолид и со ист број бодови како 19-пласираниот Елче. Еибар е последен со 23 поени.
Спорт
Рома едвај со реми со играч повеќе против Аталанта

Рома едвај успеа да извлече 1:1 реми со Аталанта во ситуација со играч повеќе, резултат што ги остава на 10 поени од место што води во Лигата на шампионите на само шест кола до крајот на Серија А.
Аталанта, пак, се враќа на третото место на табелата со 55 поени, исто колку и четвртопласираниот Јувентус и поен зад Милан.
Руслан Малиновски ги донесе гостите во водство на „Олимпико“ по убавата асистенција од Госенс во 26. минута, но „Ла Деа“ остана со играч помалку во 69. минута кога токму Госенс доби втор жолт картон. Веќе во 75. минута Брајан Кристанте израмни на 1:1.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?