Спорт
Ниту Вујо не е „магионичар“ – ППД Загреб останува без победа во ЛШ

ППД Загреб загуби и во четвртиот меч од ЕХФ лигата на шампионите, откако имаа сили само едно полувреме рамноправно да се спротистават на гости кај Флензбург, губејќи со 20:17 (10:10).
По поразите од ПСЖ и Алборг, и катастрофалните 19:36 дома против Барселона во првиот меч на Веселин Вујовиќ на клупата на „плинарите“ дојде тешкото гостување во Германија, каде што не можеа да очекуваат нешто повеќе.
Гостите го намачија фаворитот во првото полувреме, посебно во одбраната, но во второто полувреме со подобра игра тие направија предност која беше доволна за победа. Флензбург со победата се искачува на првото место во групата А со седум поени пред Алборг и Пари Сен-Жермен, кои имаат по шест.
Јоханес Гола беше најефикасен за бундеслигашот со пет гола, додека четири имаше Горан Јохансен, додека во хрватскиот клуб Златко Хорват имаше постигнато пет гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А
Флензбург – ППД Загреб 20:17 (10:10)
Табела: 1.Флензбург 7, 2.Алборг 6, 3.ПСЖ 6, 4.Барселона 4, 5.Пик Сегед 3, 6.Елверум 0, 7.Целје 0, 8.ППД Загреб 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бензема смета дека Роналдо не е најдобриот фудбалер во историјата

Карим Бензема, фудбалер на Ал Итихад, ја коментираше изјавата на Кристијано Роналдо дека е „ најдобар во историјата и точка“.
Бензема со Ал Итихад минатиот викенд го победи Ал Наср на Роналдо со 4:1, а по нтапреварот одговорајќи на новинарски прашања рече.
„Секој има право да каже што сака. Ако тој мисли дека е најдобар во историјата, тоа е негово мислење, но има и други играчи. За мене, на пример, најдобар е Роналдо Назарио“, изјави 37-годишниот напаѓач и дополни.
„Не сакам да ги споредувам играчите, мислам дека секој од нив има своја приказна, а и Кристијано има своја приказна“.
Бензема и Роналдо речиси една деценија беа соиграчи во Реал Мадрид.
Спорт
Тотенхем со барање до медиумите: Не викајте нè Тотенхем

Англискиот фудбалски клуб Тотенхем испрати интересно барање до локалните и светските медиуми.
Клубот инсистира новинарите повеќе да не ги нарекуваат само „Тотенхем“, туку „Тотенхем Хотспур“ или скратено „Спурс“.
На ова се инсистира од 2011 година, но се интензивираше во последните две сезони, во екот на кампањата за ребрендирање.
На клубот му пречи затоа што Тотенхем се однесува на област во Лондон, додека Хотспур е вистинското име на клубот.
„Тотенхем им се обраќа на медиумите во врска со именувањето на клубот. Ве молиме наведете го клубот првенствено како Тотенхем Хотспур, а Спурс е најпосакуваната скратена верзија. Во клубот договоривме да не се нарекуваме Тотенхем“, пишува во е-поштата.
Тотенхем е основан во 1882 година, а од 2019 година игра на новиот стадион.
Моментално ја заземаат 12. позиција во Премиер лигата.
Спорт
(Видео) Гол на Нејмар директно од корнер

Нејмар повратникот во Сантос, го обележа натпреварот против Интер де Лимеира, со гол и две асистенции.
Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ потигна гол директно од корнер. Во 27. минута погоди од аголот со мала помош од стативата.
Нејмар за помалку од половина час успеа да забележи и две асистенции за соиграчот Тикињо Соареш.
Да потсетиме, Нејмар се врати во Сантос на крајот на јануари.
Ова е негов втор гол откако пристигна и трета асистенција.
⭐️😍 Golazo olímpico de @neymarjr con el @SantosFC
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) February 23, 2025