Контакт

Спорт

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Објавено пред

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со 31:28 го победија Исланд за шеста победа во исто толку меча на шампионатот.

Сега, останува неизвесно само кој ќе биде вториот патник од групата 2, а кандидати се Словенците и Унгарците. Унгарија вечерва игра со Шведска и ако ја победи ќе биде во „пол-позиција“, бидејќи во последното коло ќе игра со Португалија, додека Словенците ќе играат со Норвешка.

Против Исланд, Норвежаните уште на стартот покажаа дека ќе одат само на победа, поведувајќи со фантастични 7:0, освојувајќи го полувремето со иста разлика (19:12). Исланд имаше многу подобро отварање на второто полувреме, правејќи серија од 6:3, но не успеаја да се доближат на моќните Норвежани, кои според играта се дефинитивно најголеми фаворити за златото.

Сандер Сагосен повторно блескаше со девет гола за Норвешка, а шест имаше Кристијан О’Саливен, додека за Исланѓаните, Олафур Гудмундсон беше најефикасен со пет гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2. ФАЗА, ГРУПА 2

Португалија – Словенија 24:29 (15:14)

Норвешка – Исланд 31:28 (19:12)

Унгарија – Шведска 20.30 ч.

Табела: 1.Норвешка 8, 2.Словенија 6, 3.Унгарија 4, 4.Исланд 2, 5.Португалија 2, 6.Шведска 0



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Марко Ројс одби да игра за Германија на Евро

Објавено пред

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, направи неочекувана одлука и ја одби понудата на германскиот селектор Јоаким Лев да биде дел од репрезентацијата што ќе настапи на Европското првенство ова лето.

Ројс вели дека ова лето ќе го искористи да закрепне по тешката и напорна сезона.

„По комплицираната, тешка им фала богу, успешна сезона, заедно со селекторот одлучив да не бидам дел од репрезентацијата за Европското првенство. Ова беше тешка одлука за мене бидејќи секогаш со гордост сум го носел националниот дрес, меѓутоа по тешката година за мене, потребно е да му дадам на телото време за одмор. Им посакувам на момците и на Јоги многу среќа на првенството и како секој навивач – ќе бидам пред телевизорот“, напиша Ројс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Reus (@marcinho11)

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал ќе се обиде да продаде 10 фудбалери ова лето!

Објавено пред

Реал Мадрид разочарувачката сезона ќе ја заврши со чистка во своите редови, тврди шпанскиот „Ас“ додавајќи дека Флорентино Перез е подготвен да продаде дури 10 фудбалери на „кралевите“ ова лето ако некој може да си ги дозволи.

Неуспехот во Лигата на шампионите и малите шанси да ја освојат титулата од Ла Лига пред последното коло, заедно со шпекулациите дека Зинедин Зидан е подготвен да си замине на крајот на сезоната, носат многу прашања на „Сантијаго Бернабеу“.

На листата за отстрел на Перез се Еден Азар, кој не успеа да направи впечаток во шпанската престолнина, како Рафаел Варан, за кого се заинтересирани Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ. Герет Бејл, Иско и Марко Асенсио веќе подолго време се на оваа листа, а покрај нив, според „Ас“, се и Марсело, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз и Бохра Мајорал, како и Дани Себалјос, кој оваа сезона игра на заем во Арсенал.

Со парите обезбедени од продажбата ќе се добие буџет за засилувања откако минатото лето Реал беше еден од ретките големи клубови што не купија ниту еден играч.

Прикажи повеќе...

Спорт

Невкусно и неморално? Во Русија најава за ММА-борба на фајтери со генетско нарушување

Објавено пред

Дагестанецот Хазбула Магомедов и неговиот таџикистански ривал Абдурозик ќе ја имаат најчудната, но и најетички неприфатлива борба во историјата – двајцата имаат генетско нарушување на растот.

19-годишниот Магомедов, со прекар Хазбик, е вистинска ѕвезда во својот роден Дагестан, со над 120.000 следбеници на „Инстаграм“ и честопати е во друштво со УФЦ-шампионот во лесна категорија – Хабиб Нурмагомедов. 17-годишниот Абдурозик исто така е популарна тик-ток сензација во неговата татковина со своите рап-песни.

Најавата за дуелот поставува многу прашања – особено бидејќи двајцата се предизвикуваат и се обидуваат да се пресметаат. Видеото има над 5,5 милиони прегледи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Премиерот Зоран Заев, допатува во Брисел каде што вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за...

Македонија56 минути

Полицискиот час останува во сила до 1 јуни, одлучи Владата

На денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето, наместо...

Свет2 часа

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена....

Свет5 часа

(Видео) Највисокиот облакодер во Кина почна да се ниша, луѓето во паника бегаа, причината непозната

Еден од највисоките облакодери во Кина беше евакуиран кога почна да се ниша, а луѓето во паника бегаа на сигурно...

Македонија5 часа

Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на...

Македонија7 часа

Дипломат од руската амбасада во Македонија прогласен за непожелна личност

Министерството за надворешни работи одлучи да прогласи еден дипломат од руската амбасада за непожелна личност и тој треба да ја...

Македонија8 часа

Џамбаски го критикува хрватскиот претседател поради Македонија: „Тој зазема страна во спорот, ова е антибугарска кампања“

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој, како што рече, ја обвини Софија за мешање...

Топ10 часа

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Синоќа во 23:50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час, во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај...

Македонија11 час

Пристигна нова пратка од 9.360 дози вакцини на „Фајзер“

Министерството за здравство соопшти дека вчера во нашата земја стигнаа 9.360 дози вакцини од производителот „Фајзер“. „Од нив 4.680 се...

Свет11 час

(Видео) Израел го гранатираше Либан, поради одмазда истрела 22 гранати

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан како одмазда за истрелувањето на неколку ракети од нејзината територија кон Израел. Шест...

Македонија11 час

Пендаровски и бугарскиот претседател заедно ќе заминат во Рим на чествувањето на Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј...

Свет12 часа

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде...

Свет12 часа

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загинаа, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет12 часа

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на Појасот Газа израелските сили ја...

Свет12 часа

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион1 ден

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија1 ден

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија1 ден

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа1 ден

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија1 ден

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Досие