Спорт
Нов кикс на Баерн – Ајнтрахт остана непоразен во Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен уште еднаш кикснаа на домашен терен. Во 18.коло одиграа 1:1 против Ајнтрахт Франкфурт. Неверојатно е дека Баерн се уште нема победа во 2023 година. допрва треба да победи во 2023 година.
Баерн имаше поголем посед, но тимот на Јулијан Нагелсман не успеа да создаде доволно шанси, особено тоа се однесува на последните 20 минути од натпреварот кога гостите од Франкфурт го изедначија резултатот.
Баерн поведе во 34. минута, но претходно имаше две одлични шанси на двете страни. Коло Муани имаше добар удар со глава, но голот на Баварците го одбрани играч на домашната екипа со интервенција пред линијата. Подоцна Томас Милер имаше добра шанса за Баерн но неговиот удар го одбрани Кевин Трап.
Лирој Сане веднаш потоа со силен удар го совлада Трап.
Гостите од Франкфурт израмнија во 69. минута. Јан Зомер го совлада францускиот репрезентативец коло Муани.
Баерн се уште го држи првото место со 37 бодови, но сега има само бод повеќе од Унион Берлин, следуваат Лајпциг со 35, Фрајбург со 34 и Ајнтрахт со 32 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.
Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.
Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.
Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски. Унгарците беа убедливи и со 3:0 победија против Бугарија.
Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.
Спорт
Нагелсман ќе го почека отказот на Грем Потер и сака да раководи на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.
Спорт
Калулу го пропушта дербито против Наполи

Францускиот интернационалец Пјер Калулу ќе го пропушти дербито на Милан против Наполи, лидерот во Серија А, поради повреда на потколеницата. Во соопштението, „росонерите“ велат дека централниот дефанзивец за една недела ќе биде подложен на дополнителни прегледи, но дефинитивно е во аут за дуелот со „наполитанците“.
Калулу се повредил за време на настапите за младата репрезентација на Франција до 21 година.
Милан и Наполи во април ќе се сретнат и во италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите.