Спорт
Нов кикс на Јунајтед, победи за лидерското трио – видео
Ливерпул, Сити и Арсенал, водечките тимови во Премиерлигата постигнаа по четири гола и забележаа гостински победи, во 10-то коло, кое мина во знакот на уште еден лош резултат на Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед одигра само 0-0 против Барнли и ја продолжи лошата серија во првенството. Тимот на Жозе Мурињо нема победа во Премиерлигата уште од 24.септември и натпреваротпротив Лестер.
Јунајтед доминираше против Барнли упати 30 удари кон голот на противникот, 11 од нив беа во рамките на голот, но ниту еден не заврши зад грбот на Тим Хитон кој блескаше на „Олд Трафорд“.
Мурињо беше исклуен на полувремето од судијата Клатенбрг и сигурно е дека ќе иде каснет ос страна на Фудбалската асоцијација на Англија. Португалецот не се појави на пресот по натпреварот, а неговиот помошник иронично оцени дека „судењето било одлично“.
За разлика од Јунајтед лидерската тројка на табелата извојува убедливи гостински победи.
Манчестер Сити славеше кај Вест Бромвич Албион со 4-0. Два гола, во првиот дел, постигна Агуеро, а во последните десет минути два пати погоди Гундоган.
Арсенал со 4-1 славеше во Сандерленд. Санчез го постигна првиот гол на мечот, Сандерленд потоа израмни со голот на Дефо од пенал, а во второто полувреме најпрвин Жиру постигна два гола, а серијата ја заврши Санчез со својот втор гол.
Кристал Палс два пати ја стигнуваше предноста на Ливерпул, но „црвените“ сепак славеа со 4-2.
Емре Џан го отвори резултатот, израмни МекАртур, нова предност за Ливерпул донесе Ловрен, а повторно израмни МекАртур. Матип погоди за 2-3 во 44.минута, а победата на Ливерпул ја потврди Фирмино.
Во дербито на колотоТотенхем и Лестер одиграа 1-1. Головите беа постигнати во интервал од четири минути, најпрвин Јансен погоди од пенал во 44.минута, а израмни Муса.
Мидлсброу со головите на Рамирес и Даунинг го совлада Борнмут со 2-0, Вотофорд со авто голот на Доусон славеше над Хал.
По 10 кола Сити, Арсенал и Ливерпул имаат по 23 бодови. крај/мф/нц
Се вчитува прикажувачот на видео…
Извор: макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

