Спорт
Нов пораз за Шалке, сега нема победа во 28 бундеслигашки меча

За Шалке нема надеж – клубот има долг од 200 милиони евра и е на сигурен пат кон „Цвајте“, така што не зачудува што ја продолжија лузерската серија на 28 меча без победа во Бундеслигата откако Фрајбург ги победи со 0:2.
Откако во претходното коло примија два гола по 90-тата минута за 2:2 реми со Аугзбург, овој пат немаше драма на „Велтинс арената“, Унгарецот Роланд Салаи им даде два гола во 50. и 68. минута за продолжување на мизерната серија.
„Кенигсблауен“ е на последното место во Бундеслигата со само 4 освоени поени, веќе на шест поени од безбедната зона. Фрајбург е 10-ти со 14 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пронајдено Ферарито на Мајкл Џордан за кое се мислеше дека е изгубено

Никој не го видел црното Ферари на Мајкл Џордан од 2010 година, се до пред еден месец.
Со проверка на бројот на шасијата, било утврдено дека ова е возилото кое исчезна по аукцијата во 2010 година, а го возеше Џордан за време на неговите легендарни сезони со Чикаго Булс.
Во 1992 година, тој беше фотографиран како излегува од ова возило. Станува збор за црно „Ferrari 512 TR“ кое забрзува од 0 до 100 километри на час за помалку од пет секунди.
Од 1995 година, ова Ферари не е во сопственост на Џордан, кога првично го купи Крис Гарднер, човекот чија животна приказна беше инспирација за филмот „Потрагата по среќата“.
Автомобилот беше продаден во 2010 година за 100.000 долари и беше во сопственост на колекционер кој се бореше со сериозна болест. Се очекува сега да чини околу 250.000 долари по целосната реставрација.
Спорт
Кантона и папата Лав XIV се далечни роднини

Француските генеалози (научници кои се занимаваат со откривање на семејното потекло) дошле до изненадувачко откритие дека папата Лав XIV и легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона всушност се далечни роднини, објави британскиот таблоид „Сан“.
Научниците тврдат дека Американецот Роберт Франсис Превост, кој пред две недели беше избран за нов поглавар на римо-католичката црква и го зеде името Лав XIV, бил по потекло од Франција.
Неговиот дедо е роден во Италија, од каде што емигрирал во Соединетите Држави.
Генеалозите успеале да го следат семејното дрво на папата до 1415 година. Папата и Кантона се поврзани преку брачната двојка Бертран Негрел и Луиз Жан, кои се венчале во 1566 година во Роквр, на југот на Франција.
Кантона има интересно семејно потекло. Одамна е познато дека негов далечен роднина е познатиот писател Алберт Ками, автор на романот „Странецот“.
Спорт
„Ла Стампа“ објави па демантира дека Клоп ќе биде новиот тренер на Рома

„Ла Стампа“ подметна „бомба“, „Ла Стампа“ ја деактивираше.
„Утрово, откако „Ла Стампа“ ја објави сторијата, клубот категорично ги негираше тврдењата: Германскиот тренер, светска икона по годините поминати во Ливерпул и Борусија Дортмунд, нема да седи на клупата на Рома“, се наведува во краткиот текст.
Целата врева се крена кога Рома објави видео во кое култните споменици на „Вечниот град“ се појавуваат по специфичен редослед: Колосеум, Лупа, Олимпико, Пјетро Сан, Пантеон.
Во Рим и пошироко, вклучувајќи ги и редакциите што ги следат случувањата во клубот го препознаваа акростихот (K.L.O.P.P) во сè и мислеа дека ја решиле мистеријата, но Колосеумот отсекогаш и засекогаш се пишувал со „C“ на латински и италијански.
Така, во еден необичен низ на настани, секој што се разбуди овој вторник и помисли дека ќе најде повеќе детали за спектакуларниот „договор“ меѓу Рома и Клоп на страниците на „Ла Стампа“… најде негирања.
Дали ова значи дека Клоп никогаш нема да стане тренер на Рома или дека едноставно не е официјално во овој момент, ќе дознаеме во наредните недели.
Дотогаш, останува вистина дека еден од најуспешните и највлијателните тренери денес е ангажиран како раководител на глобалниот развој на фудбалот во компанијата „Ред Бул“.