Контакт

Спорт

Нова епизода од сагата „Погба во Реал Мадрид“

Објавено пред

Зинедин Зидан се сретнал со Пол Погба во Дубаи. Според медиумите францускиот тренер го договарал трансферот на сонародникот. Зидан цело лето се обидуваше да го донесе Погба во Реал, меѓутоа сумата од 180 милиони евра што ја бараа од Манчестер Јунајтед не сакаа да ја платат од „кралскиот клуб“.

Зидан ви Дубаи бил на семинар за вештачката интелигенција, додека Погба таму се наоѓа на рехабилитација од повредата на глуждот.

„Дејли Мирор“ објави дека Зидан се сретнал со Погба, а на фотографијата се забележува дека уживаат во разговорот.

Токму оваа фотографија повторно ги поттикна шпекулациите дека Погба ќе се пресели во Реал.

Договорот на Пол Погба со Манчестер Јунајтед истекува во 2021 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Мурињо во 2015 година: Никогаш не би го тренирал Тотенхем

Објавено пред

Тотенхем вчера се разделија со менаџерот Маурисио Покетино, а утрово клубот објави дека на неговото место доаѓа Жозе Мурињо.

Португалецот и претходно се поврзуваше со клубот од северен Лондон. Тој по речиси една година повторно ќе биде тренер во Премиер лигата. Мурињо лани, во декември, доби отказ во Манчестер Јунајтед. Во меѓувреме работеше како стручен коментатор.

Веднаш по објавата дека токму Мурињо ќе биде новиот тренер, англиските медиуми ја извадија изјавата што Португалецот ја дал во 2015 година, а која е поврзана со Тотенхем.

Мурињо во два мандати ги водел Челси, најпрвин од 2004 до 2007 година, потоа од 2013 до 2015 година.

Откако втор пат замина од Челси две години не водеше англиски тим, а Тотенхем имаа желба да го да биде тренер во клубот.

„Никогаш не би можел да го водам тотенхем, поремногу емотивно со поврзан со Челси и неговите навивачи“, изјавил во 2015 година Мурињо. Тогаш Тотенхем биле подготвени им платата обесштетување на Челси за нивниот тренер.

Мурињо со Челси три пати ја освоил Премиер лигата. Како стратег на Тотенхем против Челси ќе игра на 22 декември.

Прикажи повеќе...

Спорт

Жозе Мурињо е новиот тренер на Тотенхем

Објавено пред

Жозе Мурињо и официјално е новио менаџер на фудбалерите на Тотенхем, потврдија утрово од лондонскиот клуб. Договорот помеѓу двете страни е потпишан до крајот на сезоната 2022/2023.

Португалскиот тренер го наследи Маурисио Покетино кој вчера по пет и пол години го напушти клубот од северен Лондон.

„Возбуден сум што му се приклучив на клуб со толку голема традиција и со толку верни навивачи. Ме возбудува квалитетот на тимот и академијата. Ме привлече тоа што ќе можам да работам со тие играчи“, изјавил Мурињо.

Мурињо речиси една година беше без работа. Лани на 18 декември тој доби отказ во Манчестер Јунајтед. Тотенхем ќе му биде третиот клуб во Англија. Во два мандати го предводел Челси. Со „сините“ има освоено три титули во Премиер лигата (2005, 2006, 2015).

Тотенхем лошо играат оваа сезона, во првенството со само 14 поени се наоѓаат на 12 место на табелата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мело се врати (Видео)

Објавено пред

Кармело Ентони се врати во НБА-лигата. Поранешниот трет пик на драфтот се најде во стартната постава кај Портланд трејлблејзерс на натпреварот во Њу Орлеанс. Дуелот со Пеликанс беше прв натпревар за Ентони во НБА уште од 9 ноември 2018 година.

Кармело Ентони потпиша неодамна договор со Потланд до крајот на сезоната за два милиони долари. Клубот од Орегон е петти во неговата кариера.

Мело во 2003 година беше избран како трет пик на драфтот, зад Леброн Џејмс и Дарко Миличиќ. Во Денвер се задржа до 2011 година, потоа шест години мина во Њујорк никс, а во кариерата бил играч и на Оклахома Сити тандер, односно Хјустон рокетс.

Од Хјустон си заминал на 22 јануари 2019 година. Клубот го трејдуваше во Чикаго, а Булс на 1 февруари му врачи отказ.

Натпреварот со Њу Орлеанс Мело о заврши со 10 поени, четири скока и пет изгубени топки. Пеликанси ги победија Блејзерси, 115:104.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 час

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 час

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија2 часа

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука3 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија3 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа3 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет4 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија4 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион15 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија16 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа17 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија19 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет22 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија22 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија24 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ24 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија1 ден

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија1 ден

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Досие