Спорт
Нова тениска ѕвезда! Синер се врати од сет негатива за прво Мастерс финале

Италијанскиот 19-годишник, Јаник Синер е првиот финалист од Мастерсот во Мајами, откако се врати од сет-негатива за 5:7/6:4/6:4 победа над шпанскиот ветеран Роберто Баутиста Агут.
Ова е прво Мастерс 1000 финале за младиот тенисер кој го добил името по еден друг славен тениски шампион (Јаник Ноа), а со неговите 19 години и 7 месеци, тој е најмладиот финалист на Мастерс турнир по Рафа Надал во Мадрид во 2005 година.
Во второто полуфинале подоцна играат рускиот фаворит Андреј Рубљов и полското изненадување Хуберт Хуркач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ди Натале ќе започне тренерска кариера

Легендарниот италијански напаѓач, Антонио Ди Натале, ќе започне тренерска кариера. Италијанските медиуми објавија дека тој ќе седне на клупата на Карарес, клуб кој се натпреварува во Серија Ц.
Карарес, се наоѓа во серија од пет порази, на табелата се 15, со само бод повеќе од позицијата за плеј-аут.
Ди Натале, фудбалската кариера ја започна во Емполи, но славата ја стекна во Удинезе, чии дрес го носеше 12 години. За „Зебрите“, одиграл 385 натпреври, постигнал 191 гол. За Италија настапил на 42 натпревари, постигнал 11 голови.
Спорт
Атлетико загуби поени кај Бетис, трката за титулата во Шпанија ќе биде драматична!

Атлетико Мадрид одигра само 1:1 на гости кај Реал Бетис, за да остане на првото место во Ла лига, но сега првите три клуба на табелата се одделени со само два поени на осум кола пред крајот на сезоната, најавувајќи супер-интересна борба за трофејот.
Акцијата во мечот беше ограничена на првите 20 минути игра на „Бенито Вилјамарин“, откако прво Јаник Караско уште во петтата минута ги донесе гостите во водство, но 15 минути подоцна Кристијан Телјо израмни на 1:1. Двата клуба беа израмнети во остатокот од мечот, но не успеаја да најдат решение за голманите и одбраната.
Тимот на Диего Симеоне останува лидер во Шпанија, но откако имаа само две победи во последните шест меча, сега имаат 67 поени, само еден поен повеќе од градскиот ривал Реал Мадрид, кој пак по победата на саботното „Ел класико“ има уште еден поен предност пред Барселона. Веќе четвртопласираната Севилја е на дистанца – има 58 поени. Бетис, пак, се шести со 47 поени.
Спорт
Гол-шоу на „Артемио Франки“ – Аталанта до драматична 3:2 победа над Фиорентина

Аталанта имаше убедливи 0:2 по 45 минути игра, но на крајот и беше потребен гол од пенал за да стигне до 3:2 победа на гости кај Фиорентина за да се врати на четвртото место во Серија А.
Дуван Запата беше фантастичен во првото полувреме, постигнувајќи два гола во 13. и 40. минута, но во второто полувреме на сцена стапи фантастичниот Србин, Душан Влаховиќ, кој направи целосен пресврт за помалку од десет минути, постигнувајќи голови во 57. и 66. минута.
Сепак, во 70. минута беше досуден пенал за гостите, кој Јосип Иличиќ сигурно го реализираше за нова победа на клубот од Бергамо. Аталанта сега има 61 поен, еден поен помалку од третопласираниот Јувентус и два пред Наполи во интересна битка за место кое води во Лигата на шампионите. Фиорентина се наоѓаат на 15. место со 30 поени.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш