Спорт
Нова трансфер мета на Тотенхем – Николо Заниоло
Европскиот вице-првак Тотенхем покажал сериозен интерес за младиот талент на Рома, Николо Заниоло.
Од северен Лондон, според италијанските медиуми, испратиле конкретна понуда на „Олимпико“. За Заниоло, Тотенхем на Рома и го понудиле Тоби Алдервирелд (проценет на 25 милиони евра) и 15 милиони евра.
Шпекулациите за можен трансфер на Заниоло ги поттикнаа информациите дека неговиот менаџер и Рома ги прекинале преговорите околу неговиот нов договор.
Алдервирелд, влегува во последната година од договорот со Тотенхем, поради што клубот е подготвен да го испрати во Рим, каде би бил идеална замена за Костас Манолас кој се пресели во Наполи.
Покрај Заниоло во Рома ќе имаат проблем да задржат уште двајца играчи, во прашање се Џенгиз Ундер и Стефан Ел Шарави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал богато ќе ги награди фудбалерите доколку ја освојат ЛШ
Реал и Баерн од 21 часот во Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа место во финалето обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2:0 го елиминира ПСЖ.
„Марка“, денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по фудбалер, што е за 500.000 евра по фудбалер повеќе отколку што за истиот успех беа наградени фудбалерите на Реал во 2022 година.
Со богата сума ќе бидат наградени и членовите на штабот, па се проценува дека Реал во случај на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите ќе плати издвои околу 40 милиони евра за да ги награди фудбалерите и стручниот штаб.
Спорт
Волф: Не се откажав од Ферстапен
Директорот на Мерцедес, Тото Волф, не ја отфрли можноста за разговор со трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен од Ред Бул, за негов трансфер во Мерцедес.
Мерцедес моментално бара наследник на Луис Хамилтон кој на крајот од сезоната се сели во Ферари, а како логично решение се појавува Ферстапен.
По трката во Мајами, во разговор за медиумите, Тото Волф откри дека не е точно дека, во понеделникот, имал закажан состанок со Ферстапен, но во исто време рече дека не е исклучено да се сретне со него во блиска иднина.
„Секогаш има многу состаноци. Не можам навистина да зборувам за вториот возач (во Мерцедес). Разговаравме за можностите. Сакам да бидам фер кон овие момци и да не изгледаме како да играме шах со овие луѓе, бидејќи ние тоа не го правиме. Сакаме да имаме доволно време, да видиме што мисли Макс и во исто време, да ги следиме другите возачи. Карлос (Саинс) повторно беше добар и во моментов сме само набљудувачи“, изјави Волф.
Ферстапен има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, што создава различни услови за преговори.
„Веќе кажав и претходно, да сум на негово место, немаше да заминам барем до крајот на 2025 година. Но, тој е водечки возач, тој е најдобар во моментов и затоа мора да ги донесе тие одлуки. Можеби нема да има никакви одлуки, можеби се ќе остане исто, но и тоа ќе биде некаков патоказ за нас“, изјави Австриецот.
Спорт
Нан го продолжи договорот со Панатинаикос
Американецот Кендирк Нан денеска, како што беше најавено, потпиша нов договор со Панатинаикос.
Нан, кој го однесе Панатинаикос на завршниот турнир во Евролигата, имаше желба да се врати во НБА веќе летово, но како што изјави му се допаѓа Европа, Атина и Панатинаикос.
Тој е еден од најдобрите играчи во Евролигата во моментов и е фигура која може да ја направи разликата на теренот во корист на Панатинаикос на претстојниот фајналфор.
Тој ќе биде член на зелените во следните две сезони, со излезна клаузула во НБА следното лето.
На 33 натпревари во Евролигата, Нан имаше просек од 16 поени, три асистенции и 2,6 скока (48 проценти од шутот за два поени, 42 проценти од шутот за три поени и 96 проценти од слободните фрлања).
Пред да дојде во европската кошарка, тој играше четири години во НБА лигата, а во првата сезона 2019/20 година се најде во најдобрата петорка на дебитанти. Во НБА играше за Мајами Хит и ЛА Лејкерс.