Спорт
Новак е „мало дете“ за Сандгрен – беше дисквалификуван по удар на судијата во задникот
Американскиот тенисер со најтениското име на светот, Тенис Сандгрен беше дисквалификуван од АТП Челенџер турнирот во Кари, Северна Каролина, откако во бизарна низа на настани удри линиски судија со топче во задникот!
Фановите веднаш го споредија инцидентот на тој на Новак Ѓоковиќ на минатогодишниот САД опен, каде што беше дисквалификуван кога во знак на фрустрација упати топче кое заврши во вратот на една линиска судијка.
Овојпат, Сандгрен, како прв носител против сонародникот Кристофер Јубанкс, при подготовки да сервира во првиот сет, доби топче од едно од децата кое за жал заврши во неговите мадиња. Лут, тој реагираше луто и удри топче со рекетот, кое заврши во мрежата, но потоа во задникот на еден од линиските судии.
Секако, по дискусија, тој беше дисквалификуван.
„Денеска добив удар во јајца од дете кое носи топчиња, го удрив топчето во ограда, тоа заврши во задникот на судијата, и загубив. Како поминува вашата вечер? Да бидам јасен, ова беше целосно моја вина“, напиша 30-годишниот Сандгрен на социјалните мрежи.
So tonight I got hit in the nuts by a ball kid toss with a little too much mustard, slapped the wayward ball into the fence, which collided with a refs tushy as he was walking to the other side, resulting in a default.
How’s your evening going? ? pic.twitter.com/Tqe7lOkCLy— Tennys Sandgren (@TennysSandgren) September 15, 2021
We don't see the ball, we see the "pain"… pic.twitter.com/Si3MRQsln9
— Miguel Figueres (@Miguel_Figueres) September 15, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

