Спорт
Нови снимки за Перез: Гути е морон, а Фиго е к..вин син!

Продолжува објавувањето на тајно снимени разговори во кои се слуша гласот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Шпански „Ел Конфиденсиал“ утринава ја објави осмата аудиоснимка, транскрипт од разговор во кој се инкриминира Перез. На снимките се открива начинот на кој првиот човек на „кралскиот клуб“ зборувал додека немало медиуми во близина.
Перез со Раул, Касилјас и Кристијано Роналдо имаше комплексен однос, но новите снимки покажуваат дека неговиот однос со поранешниот играч на Реал, Гути, бил најлош.
Објавена е снимка од 2007 година, а на неа се слуша коментарот на Перез откако Гути го продолжи договорот со Реал до 2010 година.
„Шокиран сум колку Калдерон се измами со Гути затоа што овој не одигра ниту два добри меча. Очигледно мисли дека сосем мора да му верува инаку ќе го изгуби“, вели Перез, кој во тие моменти не е на претседателската функција во Реал, а таму се враќа во 2009 година, по што следната сезона, Гути си оди од клубот.
Интересно е тоа што иако Гути одигра над 500 меча во дресот на „Кралевите“, а ја носеше и капитенската лента, немаше никакво емотивно простување.
Во септември 2012 година е снимен разговор во кој Перез го критикува Гути.
„Гути е морон, тој е како коза, сам себе си е најголем непријател“, вели Перез, па во 2016 година го врати во клубот и му даде место тренер на пониските категории.
Има снимки на кои се слуша какво е мислењето на Перез за Луис Фиго. Документарен филм на „ЕСПН“ – „Los galaacticos” открива дека всушност Португалецот никогаш не ни сакал да прејде во редовите на Реал Мадрид.
Откако во 2006 година го продаде во Интер, Перез го прозва Фиго и го нарече виновник за пропаѓање на една ера Галактикоси.
„Фиго е тој кој ја уништи екипата. Најдобар беше Зидан нема дилеми. Фиго беше ку.вин син, баш како и Раул. Тие двајца беа најлоши во екипата“, зборувал Перез.
Наводно големи проблеми во тимот тогаш му правел и капитенот Фернандо Јеро, но Перез го отпушти, а Фиго го продаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.