Спорт
Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите.
Вардар, во рамките на 6. коло во А групата, требаше утре да гостува во Париз.
Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање.
По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин.
За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, претходно не се одиграа натпреварите со Елверум и ПИК Сегед.
Извор/rkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сполстра е новиот селектор на САД

Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.
Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес.
Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега е именуван за главен тренер за следниот циклус.
Сполстра, кој целата своја НБА кариера ја помина во Мајами, со кого освои две шампионски титули (2012 и 2013 година), се смета за еден од најпочитуваните тренери во лигата.
Неговото искуство, тактичка зрелост и работа со суперѕвезди како Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џими Батлер го прават логичен избор за национална репрезентација која секогаш се стреми кон златниот медал.
Стив Кер ја предводеше репрезентацијата на САД на Светското првенство во 2023 година кога ја освоија четвртата позиција и на Олимписките игри во 2024 година, но тој го објави своето пензионирање уште порано. Изборот падна на човек кој веќе е дел од системот, што значи континуитет и јасна визија за иднината.
Следните Олимписки игри ќе се одржат во САД, што дополнително ги зголемува очекувањата и притисокот.
Спорт
Арнаутовиќ за историја, „десетка“ на Австрија против Сан Марино

Фудбалската репрезентација на Австрија го декласира Сан марино со 10:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Мечот го обележа Марко Арнаутовиќ кој стана најдобриот стрелец во историјата на австрскиот национален тим.
Марко Арнаутовиќ, фудбалер на Црвена звезда постигна четири гола. Тој ги постигна вториот, седмиот, деветтиот и десеттиот гол во натпреварот,што му беше доволно да влезе во историјата на австриската репрезентација.
Австрија води во Х групата со максимални 15 поени, БиХ има натпревар повеќе и два бода помалку од Авастријците, Романија е трета со седум бода, Кипар има пет, а Сан Марино е без освоен бод.
Спорт
(Видео) Басконија против ПАО се врати од -17 па загуби со звукот на сирената

Кошаркарите на Панатинаикос, на гостински терен, ја победија Басконија со 86:84, во третото коло, во Евролигата. Натпреварот со звукот на сирената го реши Кендрик Нан.
Тимот на Ергин Атаман водеше тимот од самиот почеток, а во третата четвртина имаше предност и од 17 поени.
Домашните не се предадоа, ја стопија разликата, а потоа во финишот на четири секунди пред крајот, Форест намерно го промаши второто слободно фрлање, фати офанзивен скок и израмни.
Сепак, Кендрик Нан беше побрз од сирената и погоди тежок шут од далечина за победа. Нејасно е зошто домашните не направија фаул, бидејќи беа надвор од бонусот.
Нан беше најефикасен со 30 поени и шест скока. Осман му се придружи со 20 поени и осум скока, додека Ернангомез постигна 15 поени со 10 скока.
Басконија имаше неколку играчи со двоцифрен број поени. Дијало и гореспоменатиот Форест (6ск, 6ас) имаа по 15 поени, додека Луваву беше најефикасен со 16 поени.
Kendrick Nunn is not from this world🐐☘️. AURA✨. pic.twitter.com/4r46uQpCka
— Ángel Egusquiza González (@AngelEgusquiz86) October 9, 2025
Евролига, 3. коло:
Басконија – Панатинаикос 84:86
Армани – Монако 79:82
Партизан – Ефес 93:87
Париз – Виртус 90:79
Реал Мадрид – Асвел 85:72
петок:
19.45 Фенербахче – Црвена звезда
20.15 Олимпијакос – Дубаи
20.30 Барселона – Валенсија
20.30 Баерн – Жалгирис