Спорт
Од лошо-полошо – Сити може да бидат казнети со поени во Премиер лигата!

По одлуката на УЕФА да ги исфрли од европските натпреварувања во следните две сезони и да ги казни со 30 милиони евра Манчестер сити, од Англија доаѓа веста дека покрај тоа, тие можат да добијат и казна со одземање поени од оваа сезона во Премиер лигата, јавува „Индепендент“.
Сити доби толку драстична казна поради тоа што ги лажирале податоците за парите од спонзорите, кои во исто време се и „сестрински“ компании на главната компанија сопственик на Сити, односно кралското семејство на Абу Даби.
„Извори од УЕФА велат дека одлуката ќе ја примора и Премиер лигата да направи некакво дејство поради тоа што и лиценцата на ПЛ зависи од правилата за финансиски ферплеј на УЕФА. Проблемот е во тоа што секој клуб мора да даде точни информации за да добие лиценца во Премиер лигата, а тие информации мора да се идентични со тие дадени во УЕФА. Премиер лигата веќе покрена процедура за казнување, односно за одземање поени“, се вели во извештајот на „Индепендент“.
Сити на одлуката реагираа со соопштение во кои велат дека не се изненадени од одлуката на УЕФА по „нефер и нетранспарентната“ постапка на европската куќа на фудбалот и потврдија дека ќе се жалат пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).
УЕФА со шлаканица за Манчестер сити – две години без Лигата на шампиони и казна од 30 милиони евра!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хојлунд или Влаховиќ кого ќе избере Конте како замена за Лукаку

Повредата на Ромелу Лукаку може да го реши статусот на Душан Влаховиќ во Јувентус. Белгискиот напаѓач, според прогнозите од Неапол нема да игра до крајот на годината. Влаховиќ сега се појави како опција во нападот за актуелниот италијански шампион.
Трансфер пазарот во Италија влегува во својата последна фаза, се очекува дека неколку трансфери за кои се зборува во изминатиот период ќе добијат епилог.
Интер дефинитивно се откажа од Адемоле Лукман.
Преговорите со Аталанта не вродија со плод бидејќи клубот од Бергамо не сакаше да попушти, побара фиксни 50 милиони евра, без никакви бонуси.
По неуспешните разговори, Лукман се враќа во Бергамо, каде што се соочува со дисциплинска казна за пропуштање тренинзи.
Останува да се види дали Атлетико Мадрид ќе го конкретизира својот интерес до крајот на преодниот рок, иако во моментов се чини дека се поблиску до поповолно решение околу трансферот на Нико Гонзалез од Јувентус. Од друга страна, Јувентус би можел да го реши проблемот наречен , Душан Влаховиќ.
Неочекувано Влаховиќ би можел да заврши во Наполи, поради повредата на Ромелу Лукаку. Белгиецот ќе мора да се оперира и ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци. Ова го принуди Наполи повторно да тргне во потрага по напаѓач.
Според медиумите покрај Влаховиќ во конкуренција се Расмус Хојлунд, Стеван Крстовиќ, Артем Довбик, Родриго Муниз од Фулам и Џошуа Зиркзе. Медиумите шпекулираат, но реално е Наполи да избира меѓу Хоклунд и Влаховиќ, останатите имаат цврсти договори со клубовите, што значи дека за некој од нив клубот би требало да плати голема оштетта.
Хојлунд е отпишан во Манчестер јунајтед, претпоставка е дека клубот би го пуштил за околу 25 милиони евра, додека Влаховиќ доколку сака трансфер ќе мора најпрвин да се согласи на дратично намалување на платата. Според договорот, оваа сезона треба да заработи 12 милиони евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Арсенал ја одбил понудата од Мадрид за размена на фудбалери

Арсенал го одбил предлогот на Реал за размена на фудбалери.
Предлогот од Мадрид упатен до колегите во северен лондон бил Бразилскиот напаѓач Родриго (24) да се пресели во Арсенал, а во спротивна насока би заминал дефанзивецот Вилијам Салиба (24).
Според информациите од шпанските медиуми, Арсенал ја отфрлил идејата на „кралскиот клуб“.
Да ве потсетиме дека Реал веќе подолго време се обидува да го доведе Салиба, додека во исто време бара 100 милиони евра за Родриго, кој би можел да го напушти клубот поради големата конкуренција во нападот.
Најголем интерес за Бразилецот покажаа Арсенал и Манчестер сити.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Езе за 60 милиони евра се сели во Тотенхем

Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона.
Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде околу 60 милиони евра плус седум милиони, кои Кристал Палас ќе ги добие преку разни бонуси.
Езе дојде во Кристал Палас во 2020 година од Квинс Парк Ренџерс за 20 милиони евра и постигна 39 гола на 167 натпревари.
Тој беше еден од најзаслужните за изворедната сезона во која тимот од Лондон го освои ФА Купот, што беше првиот трофеј во историјата на клубот. Неодамна, по победата над шампионот Ливерпул беше освоен и Комјунити Шилд. Одигра 11 натпревари за репрезентацијата на Англија и постигна еден гол.
Палас веќе ја започна потрагата по негова замена, а првите опции се Христос Цолис од Клуб Бриж и Билал Ел Ханус од Лестер.
Фото/ Принтскрин