Спорт
Одбиена жалбата на Фрајбург – Победата на Баерн е регуларна

Бундес лигата ја одби жалбата на фрајбург, која се однесуваше на натпреварот со Баерн Минхен. Минатиот викенд Баерн победи во Фрајбург со 4:1.
Натпреварот го обележа моментот што се случи во финишот, кога Баерн 17 секунди имаше 12 фудбалери на теренот. Откако од Фрајбург му сугерираа на судијата дека Баерн имаат 12 играчи на теренот, натпреварот на кратко беше прекинат. Продолжи кога Конгсли Коман го напушти теренот.
„Лошите проценки на судиите придонесоа Баерн да игра со 12 фудбалери. Сепка Баерн не стекна никаква предност во тоие моменти“, соопшти Бундес лигата.
Баерн ја задржа предноста над Борусија Дортмунд од девет бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перез добил објаснување од Ред бул за Шпанското ГП

Серхио Перез открива дека имал „внатрешни разговори“ со Ред бул рејсинг по Шпанското ГП и дека е задоволен откако на трката во Барселона му беше наредено да „направи место“ и да го пропушти клупскиот колега, шампионот Макс Ферстапен за победата.
Во текот на трката, мексиканскиот возач побара тимот да му дозволи да го помине Ферстапен за да може да „функционира“ неговата стратегија на две влегувања во боксот во споредба со трите на Холанѓанецот, а по трката јасно кажа дека не е задоволен.
„Зборувавме по трката. На крајот беше јасно дека стратегијата со три влегувања во боксот беше исправната. Се согласивме и одиме понатаму. Во Ред бул има одлична атмосфера, голем момент, така што тоа беше одличен тимски резултат. Добив јасна порака дека ја имам поддршката на тимот за победи“, вели Чеко.
Спорт
Милер: Ливерпул после пенали ќе го освои трофејот во ЛШ

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер, верува дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите во саботната пресметка против Реал Мадрид на „Сент Дени“ во Париз, а тоа ќе го направи на пенали, после 2:2 во регуларниот дел од натпреварот.
Ливерпул има два огромни мотиви пред утрешната пресметка. Првиот е да му се реваншира на „кралскиот клуб“ за поразот од Киев во 2018 година, а вториот да го врати „заработениот трофеј“ што го чека трета година.
„Имам впечаток дека Ливерпул е подобар, но врз основа на она што Реал го направи оваа сезона во Лигата на шампионите, не можам да ги отпишам. Предвидувам дека во регуларниот дел ќе биде 2:2 и дека Ливерпул ќе победи на пенали“, изјави Милер.
Спорт
Тијаго и Фабињо ќе му бидат на располагање на Клоп за финалето на ЛШ

Тијаго Алкантара и Фабињо се вклучени во тимот на Ливерпул за претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и денеска заедно со соиграчите ќе отпатуваат во Париз, објави клубот на својата официјална веб-страница.
Тијаго продолжи со тренинзите откако предвреме го напушти теренот за време на натпреварот со Вулверхемптон минатата недела поради истегнување на мускулот.
Фабињо нема играно од натпреварот со Астон Вила на 10 мај, кога исто така заработи повреда на мускулот. Тие двајца сега се достапни за Јирген Клоп за утрешниот натпревар.
Сепак, сè уште не е јасно дали се подготвени да започнат како стартери.