Спорт
Одермат прв швајцарски победник во Аделбоден по 14 години
Пред фанатичните 13.000 швајцарски фанови во Аделбоден, Марко Одермат стана првиот швајцарски шампион на класичната велеслаломска трка за да го зголеми водството во генерален пласман.
Одермат ја надмина грешката на крајот на патеката во второто возење за да заврши со 0.48 секунди пред Австриецот Мануел Фелер и Французинот Алексис Пинтуро, кој заостана 0.54 секунди. Ова беше четврта победа во пет велеслаломски трки за Одермат оваа сезона, но дефинитивно најважната, посебно бидејќи последен пат Швајцарец триумфираше во Аделбоден во слаломот во 2007 година.
Со победата, Одермат е само петтиот човек по Жан-Клод Кили, Ингемар Стенмарк, Тед Лигети и Марсел Хиршер кој победил четири од првите пет велеслаломски трки оваа сезона и го поставува како апсолутен фаворит за златниот медал на Олимпијадата во Пекинг следниот месец.
JAAAAAAAAAAAAAAAAAA ?????????????????????? #ODERMATT #ADELBODEN #fisalpine @swissskiteam @srfsport @bscontent pic.twitter.com/mvlHc1Kaft
— Michael Ziesmann (@M_Ziesmann) January 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина од „белата точка“ до финалето во Конференциската лига
Фиорентина се пласира во финалето на Конференциската лига, откако вечерва во Бриж, против домаќинот одигра 1.1.„Виола“ првиот натпревар го доби со 3.2. Тимот на Винченцо Италијано го повтори успехот од минатата сезона, кога исто така се бореше за трофејот, но не успеа да го освои. Во финалето загуби од Вест Хем со 1:2.
Бриж ја анулира предноста на Фиорентина во 20.минута, кога Де Кујпер го совлада одличниот Терачано.
Куаме потоа ја погоди гредата, а во втроиот дел Бираги од слободен удар ја погоди гредата, а Куаме стативата.
На крајот човекот кој погоди во 92.минута, во првиот меч, Нзонзи избори пенал во 83.минута. Сигурен реализатор беше Белтран.
Противникот во финалето Фиорентина ќе го дознае утре, по реваншот Олимпијакос-Астон Вила. Олимпијакос го доби првиот меч во Бирмингем со 4:2.
Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
Спорт
Орсато означи крај во Париз и се расплака
Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.
Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.
Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.