Спорт
ОИ Токио: Австралија ја здроби Нигерија, „Азурите“ ја шокираа Германија
Кошаркарот на Сан Антонио, Пети Милс, со неговите 25 поени беше најзаслужниот за триумфот на селекцијата на Австралија против Нигерија со 84-65 во рамки на групата Б на олимпискиот турнир во Токио.
Милс имаше поддршка од Ексум, Инглес и Кја, па во последниот период го скршија отпорот на жилавите Африканци.
Емегано и Нвора беа единствените двајца со двоцифрен број поени кај Нигерија.
Во вториот меч од оваа група Италија ја победи Германија со 92-82 во возбудлив меч кој беше решен во последните четири минути.
Николо Мели, Данило Галинари и Фонтекио беа најзаслужни за триумфот на „Азурите“, додека кај Германците се истакна Маодо Ли.
Во рамки на групата А на ОИ во Токио, Чешка го победи Иран со 84-78 во првиот денешен меч, а со почеток во 14 часот по средноевропско време е дербито во оваа група – САД против Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Ел Пистолеро“ го продолжи договорот со Интер
Уругвајскиот центарфор Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.
Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.
Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.
Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.
Спорт
Нова престижна награда за „златното момче“ на Барселона
Асот на Барселона и ѕвезда на шпанската репрезентација Ламин Јамал е добитник на наградата за најдобар млад фудбалер во светот, „Златно момче“. Најдобриот млад играч во изборот „Тутоспорт“ секоја година го избира новинарско жири од 50 експерти од најзначајните европски весници.
Од можни 500 поени во гласањето, Ламин Јамал освоил 488, објави „Тутоспорт“.
Ламин Јамал доби уште една индивидуална награда, претходно беше прогласен за најдобра млад игра на Европското првенство, а потоа истата награда ја доби и на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.
Петит пат откако се доделува наградата таа оди на Принејскиот полуостров. Претходни лауретаи беа Сеск Фабрегас (2006), Иско (2012), Педри (2021) и Гави (2022).
Спорт
(Видео) Хаос во Белград: „Делиите“ претепале навивачи на Штутгарт
Српското министерство за внатреѓни работи се огласи по тепачката која се случи во Белград помеѓу навивачите на Црвена звезда и Штутгарт.
Тепачка се случи попладнево во близина на Зелени венац, кога навивачи на Звезда претепале дел од навивачите на германскиот тим.
Полицијата многу брзо пристигнала на местото на настанот, а повеќето од навивачите дотогаш веќе биле заминати. Но, 15 од нив се приведени во полициска станица.
Најголем дел од приведените се од Германија, а донесени се вкупно 10, а потоа е уапсен и државјанин на Србија, навивач на Црвена звезда, кој се сомничи дека учествувал во тепачката.
Дополнително, кај уште двајца навивачи од Германија биле пронајдени факел и фантомка, а приведени се еден државјанин на Босна и Херцеговина, како и еден државјанин на Швајцарија.
Novi snimak tuče Delija i navijača Štutgarta pic.twitter.com/A0am2soKGT
— FantomBeograda (@FantomBeograda) November 27, 2024
Zeleni venac, 13:10 prebijanje jednog čoveka, gomila momaka sa crnim kovid maskama, koškanja, jurnjava… čuje se i turski i nemački. Ništa mi nije jasno, kao i drugi građani umrtvljeno posmatram i grickam semenke od bundeve pic.twitter.com/W8mR76In1p
— [email protected] (@gajiczeljkoyah1) November 27, 2024