Спорт
Оклахома ги стресе Лејкерси, Јокиќ блесна за Денвер
Крис Пол постигна 21 поен за да го предводи Оклахома Сити тандер до 105:86 победа над Лос Анџелес лејкерс во Орландо во кошмарен натпревар за фаворизираните Лејкерси.
Пол додаде седум скока и шест асистенции за да ја продолжи одличната форма по рестартот на НБА-лигата постигнувајќи во просек по 20,7 поени во трите меча во Орландо. За Лејкерси, пак, ова беше најлошиот офанзивен меч оваа сезона, со најмалку постигнати поени и со само 5 тројки од дури 37 обиди.
Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 19 поени и 11 скока.

Мајкл Портер Јуниор имаше 30 поени и 15 скока, Никола Јокиќ додаде 25 поени и 11 асистенции за Денвер да биде подобар од Сан Антонио спарс со 132:126. Со победата, Денвер се доближи на половина натпревар од Лос Анџелес клиперс во борбата за второто место на Западот.
Сан Антонио, кој сега има два пораза во низа, останува на 10. место на Западот со два натпревара зад Мемфис во трката за осмото место во плејофот.
Мечот беше израмнет на 97:97 на помалку од девет минути пред крајот по што нападот на Денвер го заврши своето. Јокиќ го предводеше Нагетс со постигнати поени и три асистенции во две минути за Денвер да поведе со 114:105.
НБА
Оклахома сити – ЛА Лејкерс 105:86
Филаделфија – Вашингтон 107:98
Торонто – Орландо 109:99
Денвер – Сан Антонио 132:126
Toronto Raptors 109 – Orlando Magic 99
Јута – Мемфис 124:115
Бостон – Бруклин 149:115
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

