Спорт
Олдриџ го растури Бостон селтикс (видео)
Бостон селтикс никако да влезе во вистинската форма оваа сезона. Изминатата ноќ тие го забележаа четвртиот пораз во низа кога беа декласирани пред своите навивачи од Сан Антонио Спарс 96:115.
Селтикс е на петтата позиција на Истокот, но со она што го прикажува на теренот, нема што да бара во плејофот, иако во сезоната влезе како еден од фаворитите за пласман во финалето во својата конференција.
Ламаркус Олдриџ го растури Селтикс со 48 поени, 13 скока и 6 асистенции за 38 минути колку што мина на теренот. Го следеше Демар Дерозан со 16 поени и 11 асистенции.
Најефикасен кај Селтикс беше Маркус Смарт со 14 поени.
Бостон има 43 победи и 31 пораз и е петти на Истокот, а Спарс со идентичен скор заедно со Оклахома и Јута ја делат шестата позиција на Западот.
Резултати:
Милвоки Бакс-Кливленд Кавалирс 127:105
Индијана Пејсерс-Денвер Нагетс 124:88
Торонто Репторс-Шарлот Хорнетс 114:115
Њу Орлеанс Пеликанс-Хјустон Рокетс 90:113
Бостон селтикс-Сан Антонио Спарс 96:115
Голден стејт Вориорс-Детроит Пистонс 121:114
ЛА Лејкерс-Сакраменто кингс 111:106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

