Спорт
Олимпијакос со луд пресврт влезе на Ф4 во Евролигата
Олимпијакос е последниот учесник на Фајнал фор турнирот на Евролигата во Белград, откако во „мајсторката“ против Монако стигнаа до 94:88 победа по драматичната последна четвртина.
Во полуфиналето, клубот од Пиреја ќе игра против актуелниот шампион, Анадолу Ефес, додека во второто полуфинале е шпанската пресметка меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Гостите имаа 11 поени предност во текот на мечот, замолчувајќи ја домашната публика, но на почетокот на третата четвртина, Олимпијакос успеа да ја надополни предноста. Во последната четвртина беше израмнето пред Костас Слукас да погоди за +6 за Олимпијакос (89:83), за да ја запечати победата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арсен Венгер: Ел класико – натпревар на мажи против момчиња
Легендарниот тренер тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид од 2:1 над Барселона во „Ел Класико“ како натпревар на „мажи против момчиња“, а воедно ја пофали работата на тренерот Чаби Алонсо.
„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“ и со победата им избега на своите најголеми ривали на пет бода на врвот на Ла Лиг.
Венгер беше директен во својата анализа, истакнувајќи ја тактичката и физичката супериорност на Реал.
„Ел Класико беше малку како дуел помеѓу мажи и момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона“, рече Венгер.
„Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол. Честитки за Чаби Алонсо“, додаде тој.
Foto/ EPA
Спорт
Почина легендарниот голман на Реал
Утрото по победата (2:1) над Барселона во „Ел Класико“, навивачите на Реал Мадрид добија тажна вест.
Легендарниот голман на мадридскиот клуб, Хозе Мануел Очоторена, почина на 64-годишна возраст.
Претседателот на клубот, Флорентино Перез, и одборот на директори на Реал Мадрид изразија длабоко жалење поради смртта на Очоторена.
„Во овие тешки моменти, Реал Мадрид испраќа искрено сочувство до неговото семејство, поранешните соиграчи, пријателите и сите клубови за кои играше за време на неговата богата кариера“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Очоторена го носеше дресот на Реал Мадрид шест сезони, од 1982 до 1988 година. Во тој период, тој освои два Купа на УЕФА, три титули во шпанското првенство и еден Лига куп.
Покрај Реал, тој ги бранеше и боите на Валенсија, Тенерифе, Логроњес и Расинг Сантандер. Во сезоната 1989/90, како член на Валенсија, го освои престижниот Трофеј Замора, наградата за голманот со најмалку примени голови во Ла Лига.
Тој беше дел од шпанската репрезентација на Светското првенство во Италија во 1990 година.
По неговата играчка кариера, тој остави длабока трага и како тренер на голмани, работеше во Валенсија, Ливерпул и во шпанската репрезентација 17 години, од 2004 до 2021 година.
Тој тренираше голмани од познатата генерација што владееше со светскиот и европскиот фудбал и освои три последователни титули во 2008, 2010 и 2012 година.
Спорт
Берман: Се пос.ав кога го претекнав Макс
Младиот Оливер Берман беше спектакуларен на Големата награда на Мексико. Возеше храбро и паметно и на крајот тоа го круниса со најдобриот пласман во кариерата, го освои четвртото место.
Берман одличено стартуваше од деветтата позиција напредуваше за три позиции, а потоа профитираше од борбата меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон кога храбро го престигна актуелниот шампион за четвртото место.
Хамилтон доби и казна од десет секунди, па Берман се најде на третото место.
Сепак, не успеа да се искачи на подиумот бидејќи тактиката на Ферстапен со едно запирање се исплатеше. Но, Берман успеа да одолее на нападите на Оскар Пјастри во финишот, а пред тоа и на обидите на Кими Антонели и Џорџ Расел.
По трката, искрено рече дека се исплашил од моментот кога го престигнал Ферстапен.
„Луис и Макс се бореа и јас имав корист од тоа. Искрено, се пос..в во тој момент кога се најдов до Макс, но беше навистина кул да бидам во таа позиција со луѓе што ги гледав откако гледам Формула 1.
И потоа го имав во ретровизорот (Ферстапен) долго време, најголемиот притисок што некогаш сум го имал во трките“, рече Берман.
Тој е свесен дека оваа трка е добра за сомодовербата.
„Макс беше зад мене, потоа Кими, потоа Џорџ и конечно Оскар. И не можеа да ме нападнат. Значи дека денес направивме нешто како што треба.“
„Не очекував да се најдам во позиција да се борам со нив, со најдобрите автомобили оваа година и во оваа фаза од мојата кариера. Но, тоа ми даде одлично чувство за иднината и се надевам дека во одреден момент тоа ќе стане нормална работа за мене“, рече Берман.
Оливер Берман во конкуренција на возачи се наоѓа на 13-то место со 32 поени.
Foto/ EPA

