Спорт
Откриени подобрувањата на Мерцедес – ќе има ли голем скок во перформансите?

Ф1-новинарите на „Скај спортс“ ги објавија првите фотографии од промените на болидот на Мерцедес пред шпанското ГП во Барселона, со кои се надеваат дека ќе имаат голем скок во перформансите по лошиот почеток на сезоната.
Мерцедес последните осум сезони ги освојуваа титулите кај конструкторите со својот доминантен болид за оваа сезона да падне зад Ферари и Ред бул по што шефот на тимот, Тото Волф, призна дека со подобрувањата во Шпанија ќе знаат дали да продолжат да го тераат уникатниот дизајн, без странични крила, или да го сменат концептот.
Мерцедес имаше еден ден тестирање на патеката Пол Рикар во Франција во средата, односно термин за снимање реклами, во кој смееја да возат само 100 километри или 17-ина круга. Зад воланот беше Џорџ Расел.
Фотографиите од Барсеона покажуваат мали крилца под болидот кон предното крило, дизајн што Ферари и Ред бул го користат од почетокот на сезоната и со кој треба да се подобри протокот на воздухот во предниот дел на болидот. Исто така, има и мали промени на подот, една од слабостите на Мерцедес оваа сезона. Дали ова ќе донесе до пообрувања останува да се види.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.